Боље да се камује и да се рапује

ХипХопКамп 2012

Пред цели 10 години, верувале или не - Џака Накот го имаше своето фестивалско деби пред Македонската публика на првиот Аларм Фестивал кој се одржуваше во Охридско Љубаништа.

Од тој ден па наваму фестивалското искуство, дружењето и висењето по шатори ми стана стимул за секое лето.

За луѓето што присуствувале на Аларм (кој нажалост поради воените вежби во Македонија не стана Ехит, а биле и на Ехит) знаат какво е чуството кога толпа луѓе со позитивна енергија дефилираат помеѓу вибрирачките звуци на секоја различна бина.

2012 Градиште/Плажа Оревче-ХипХопКамп!!!

Јас немам измислено топла вода, ниту пак ХипХоп музика-иако за ова второво може да се рече дека го знам од мал, од кога трчкаше по топ листите во 80тите и 90тите, за да во 2000 па нагоре-да доминира со нив тотално.

ХипХоп фестивали има по целата планета, во европа ги има неколку-па се надеваме дека од 27 Јули и Македонија ќе стане дел од фестивалската хипхоп мапа на европа.

Околу самиот фестивал...

98% домашни артисти, меѓу кои има и таттоо артисти и графитџии ( дел од културата, само танцова хипхоп група ни фали-здравје до година!) ќе дадат се од себе на тие два фестивалски дена за уживателите на музиката и самата култура да се чуствуваат дека се барем тогаш, ако не секој ден-меѓу своите.

Исто и можност за класичните непознавачи да се запознаат со Македонскиот хипхоп, и автентичните звуци на Скопскиот, Охридскиот, Тетовскиот, Кумановскиот, Велешкиот, Прилепскиот, Битолскиот и Струмичкиот рап!!!

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

*Лајн Ап на случувања:

27 Јули, 12 часот попладне...свечено отварање со Графити Шоп Хром и Темпле оф Инк, пропратено со благопријатен денски хипхоп за бањаре....влез слободен!

Старт на настапи

22 часот.

Диџеј Славе

Жиле и Вали (Реалити, Скопје)

Саша и Нешо (Авторизација ,Велес)

Нож (Хипхоплетика/Шурикен Рекордс, Скопје)

Кискинов-концертна промоција "На Пат Кон Дома" (Дивизија/Шурикен Рекордс, Струмица)

Бад Контракт (Охрид)

Да Џака Накот-концертна промоција на "Божјиот Прототип" (Легијата/Шурикен Рекордс, Скопје) VS Бвана Из Лагуне (43ла/Пртее БГ, Белград)

Зад Аголот-концертна промоција на "Чувај го вистинко волу.1" (Зад Аголот, Скопје)

Диџеј Илич-до крај на програмата (Зад Аголот,Скопје)

-------------------------------------------------------------------------

28 Јули 12 часот попладне... Графити Шоп Хром и Темпле оф Инк, пропратено со уштепоблагопријатен денски хипхоп за бањаре....влез слободен!

22 часот.

Пикисипи а.к.а. Димитри од Чаир (С.А.Ф./Боотлегз Ент.Скопје)

Алфа (Шурикен Рекордс,Скопје)

Огнен Битбокссс перформанс (Битола)

Хроник и Ел Борачо (ДИвизија/Тха Титаниум, Струмица-Прилеп)

Подземан Ефект со Диџеј Димитри од Чаир (Боотлегз Ент.Куманово-Скопје)

Екипата (Тетово)

Хипхоплетика (Скопје)

Легијата (Шурикен Рекордс, Скопје)

Диџеј Оки Доки-до крај на програмата (Тетово)

*ОРГАНИЗАТОРОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

23 јули 2012 - 16:37