Испраќајте ми ваши спотови и песни, или нешто што симпатизирате,од било каков жанр, и јас и моите колеги ќе ги искоментираме сосема коректно и според нашите ставови, така да ако не се плашите од малку конструктивна критика - само напред мои браќа уметници. Додека пролетта засилено брза да ги стигне македонските евроинтеграции, домашната јавност се препелка во политика и турско/индиски серии. Време е малко да се дефокусираме од небитните работи, и да ги активираме мозоците.
Став....
Демократијата е преценета и треба да постои филтер, анонимноста на јутуб коментаторите не е вистинска критика бидејки не зазема ничиј став, и без разлика на името на корисникот (username) никогаш не е правилниот надимак или името и адресата на истиот, за да може тој што сте го исплукале да го видите во живо на вашата врата со шипка! Така што оставање коментари и ваши мислења видливи за јавноста под моите колумни и скечови ќе биде оневозможено поради таа причина. Инспириран од англицизмот 'хејтери' кој е во експанзија во Македонија, една од рубриките во WTF ќе се вика „Хејтери". Јас (Џака Накот), и анонимно по случаен избор од уште двајца колеги, ќе коментираме.
Со почит,
Џака Накот
праќајте срања овде: www.facebook.com/dadzakanakot