Архива

Полска и Литванија радо би да ловат избегани Украинци

Министрите за одбрана на Полска и Литванија, без никој да го побара тоа од нив, ветија дека ќе почнат да приведуваат и депортираат Украинци на нивна територија кои ја напуштиле Украина за да избегаат од регрутација.

За поинтересни изборни кампањи: американски сенатор предлага враќање на вооружените двобои

Во јануари 2024, член на државниот сенат на Мисури предложил закон кој, доколку биде изгласан, повторно ќе го легализира дуелот како начин политичарите да разрешат лични несогласувања. И вие веднаш замисливте како ова би изгледало кај нас?

Чарлс Баркли покажа што ги чека Лејкерс

Легендата на НБА, Чарлс Баркли имаше мало шоу во студиото после третиот натпревар од серијата меѓу ЛА Лејкерс и Денвер кој Нагетс го добија 112:105. Баркли извадил метла како алузија на она што ги чека „езерџиите“. Кени Смит му вика дека „Кралот не го заслужува тоа“ а Баркли додава: „Кралот оди дома после уште еден натпревар“.

Жоел Ембид - 50

Кошаркарите на Филаделфија ’76 го совладаа Њујорк 125:114 и намалија на 1-2 во серијата. Ѕвездениот центар на Фила постигна 50 поени (13/19 од игра и 19/21 од слободни), 8 скока, 4 асистенции и една блокада. Ова е негов личен рекорд во плејофот а стана и трет кошаркар во историјата на Сиксерс кој постигнал најмалку 50 поени во плејофот. Претходно тоа биле Ален Ајверсон (три пати) и Били Канингем.

Атрактивен гол на Де Брујн и тоа со глава

Манчестер Сити го збриша Брајтон на гости со 0:4 и сега со еден натпревар помалку е на -1 од Арсенал и +2 од Ливерпул. Кевин Де Брујн со потег кој потсети на едно славно голчиште на Робин Ван Перси. Инаку меѓу стрелците повторно е Фил Фоден, кој растури сезонава и тоа со два комада, од кои едниот од слободен.

Ќе чипираат и какао дрвја

Какао плантажите низ Африка моментално се зафатени со епидемија која се заканува дека ќе збрише огромен дел од глобалните залихи со какао. Едно од решенијата е вакцинирање на дрвјата.

Леброн и Јокиќ под кош во борба за топка

Прво не го натскока, туку не му ни даде да скокне, потоа даде кош и изнуди дополнително слободно фрлање. Џејмс во немоќ ги крена рацете, во стил тоа е. Како да се бореше за топка против играч од Водњански Лисици, а не со еден од најдобрите во историјата.

Денвер и Јокиќ се кошмар за Лејкерски, веќе е 3:0

Шампионот на НБА дефинитивно му наби комплекс на Лос Анџелес Лејкерс кој 11 меча по ред не може да им го најде лекот.

Крајот на немите филмови значеше крај и за Карл Дејн

Силниот акцент е една од главните причини што толку многу ѕвезди на немите филмови пропаѓаат кога ќе се појави првиот аудио-дијалог.