ГТА6: Симулација на папучар

Она што веќе го нема во новата верзија на Grand Theft Auto а она што е додадено во неа доста зборува за тоа како е светот променет во оние 13 години кога се чекаше шестото издание за кое биле инвестирани можеби и две милијарди долари. Главниот лик веќе не може да набави проститутка ама затоа може да го кречи станот на девојката.    

Нови квалитети денес ги прават децата паметни

Психолозите ги напуштаат класичните тестови за интелигенција во обидите да откријат и да дефинираат што денес ги прави децата паметни. Повеќето тестови го наградуваат детето кога ќе ги пронајде точните одговори на 50 тешки прашања. Денес многу повеќе се цени љубопитноста и креативноста, кога на едноставно прашање дава 50 различни одговори.

Палмер Лаки планира град-држава среде океан

Основачот на одбранбено-технолошката компанија „Андурил“ го засилува својот лик на негативец од филмовите за Џејмс Бонд со нов контроверзен проект: Центар за податоци надграден во град-држава, кој би пловел по океанот надвор од сите јурисдикции, регулативи и прописи. Жителите на вештачкиот остров SLAB би изградиле сопствен систем на управување.

Речник

Како бирократијата стана европски начин на живот

Европа со векови бараше начини да ги обедини своите народи склони кон кавги. Се обиде христијанството, се обидоа и разни императори, но со слаб успех. Есперантото никогаш не заживеа. Фудбалот и Евровизија го обединуваат континентот на неколку вечери секоја година. Таму каде што потклекнаа цареви, победа извојуваа бирократите.

Свињите ѝ обезбедија енергетска независност на Данска

Додека светот се соочува со нестабилни енергетски пазари, Данска пронајде алтернатива буквално во сопствениот двор. Со биогасот што го произведува од фармите за свињи полни 40% од гасоводната мрежа, најмногу во Европа. Во регионот Сондерборг, две постројки произведуваат доволно биогас за да се задоволат 100% од годишните енергетски потреби.

Фаучи го диктирал клучниот труд за ковид

Администрацијата на Трамп побара да се отвори нова независна истрага за тврдењата дека Ентони Фаучи тајно влијаел врз содржината на клучниот научен труд во кој се отфрла теоријата за протекување на ковид од лабораторија во Кина. Суфлирале и директорот на Институтите за здравство и советникот за ковид на британската влада. Ниту еден од нив не е наведен како автор.

Off Topic

Американска математика

„450 милиони Европејци сметаат на 300 милиони Американци да ги бранат од 120 милиони Руси кои не можат да победат 40 милиони Украинци, додека игнорираат дека се под инвазија на две милијарди муслимани кои тврдат дека се прогонети од девет милиони израелски Евреи“.

Цензурата штотуку почнува, само сега ја викаат слобода

Зад нас е една деценија демонизирање на поранешниот претседател како лудак, монструм, Аца Шиптар и Аца педер, диктатор и шеф на мафијата кој нема мирно да ја предаде власта на изборите. Како сега со тоа да се прекине тукутака, преку ноќ? Не памтам вакво сладострастие во понижувањето на другите. Не памтам ни вакво отсуство на срам од најниските побуди.

Некои луѓе имаат време. И тонер.

Еден обожавател на филмската франшиза „Дина“ испечатил 240 постери со кадри од својот омилен филм и ги поставил по прецизен редослед покрај еден пат. Зошто? За кога некој ќе помине со возило покрај овој дел со одредена брзина, статичните слики покрај патот да му се спојат во течна анимација и „да му направат филм“. Океј.

Водич за пиење од Леми Килмистер

Уште во 2005 година, пејачот и фронтмен на Моторхед, Леми Килмистер, во интервју даде неколку тешко стекнати совети за пиење алкохол. Тој отсекогаш важеше за исклучително веродостоен извор по ова прашање. Има тука неколку интересени цаки.

Новиот српски парламент има пратеник со боенка

Во новиот состав на парламентот на Србија има осум глумци, пола од кај студентите, пола од кај Вучиќ. Еден од кај студентите е и актерот Бојан Димитријевиќ, познат како наркоманот Пикац од серијата „Вратиће се роде“. На првиот ден на новата работа земал боенка, за кога ќе му биде досадно. Симпатично, ако човек заборави дека се колнеа како 24/7 неуморно ќе се борат со криминалниот октопод на претходната власт.

„Подобрата Србија“ демонстрира простаклук

Група победнички бадијалџии се собраа пред зградата на српскиот парламентг каде се одржува конститутивна седница на новиот парламентарен состав. За да им аплаудираат на своите и да викаат „уаа“ на другите (јаки потези, јаки герили). Најглупата меѓу нив ја потури со јогурт по глава актерката Лидија Вукиќевиќ која има мандат од СНС.

Локалности

Net Roulette

Offside

Златната топка завршува со фудбал за годинава. Се приклучи на долгата на листа на повредени играчи во тимот на Компани, кој се врати на тренинзите после здравствените проблеми.

Off Café

Bookbox

На овој филм, кој на времето не го добил признанието коешто објективно го заслужува, наидовме на интересен начин - видео во кое се препорачуваа филмови кои најдобро и на филозофски начин ја илустрираат средовечната криза. Како ли не' најде алгоритамот на оваа тема, мајката! Ама фала му, затоа што навистина има зошто во меѓувреме станал култен.  

Aвтор e на повеќе од 30.000 цртежи, се преселил 93 пати и во текот на животот користел повеќе различни имиња. Но неговата творечка љубопитност не стивнала ниту во длабока старост: самиот верувал дека дури по седумдесеттата година почнал вистински да ја разбира уметноста. Од духовитите цртежи и прирачниците за цртање до славната графика „Големиот бран кај Канагава“, делото на Хокусаи го надминало времето во кое настанало и оставило силна трага врз европската уметност.

И тоа го дочекавме: „ЧОВЕК“ е збор на годината според Кембриџ

Во сега далечната 2010-та збор на годината според беше „апликација“. Во 2013 „селфи“. Во 2015 не беше ни збор туку насмеано емоџи. Во 2023-та „вештачка интелигенција“. Е, сега дојде она пострашното, да треба да се потсетиме на постоењето на човечкото среде технологијата.

Расипаниот заб што ги прослави „Секс пистолс“

Една телевизиска емисија во живо од 1976 се претворила во скандал што ќе го одбележи почетокот на панк-револуцијата во британската поп-култура. „Секс пистолс“ требало да бидат само замена за откажаниот настап на „Квин“, но нивните пцовки и судирот со водителот Бил Гранди предизвикале медиумска бура. А сè почнало, наводно, со забоболка на Фреди Меркјури.

Фрижидерот како оружје во Студената војна

Во екот на Студената војна, САД и Советскиот Сојуз се натпреварувале кој има подобра технологија, поголема воена моќ и поуспешно општество. Но во 1959 година, еден од најпознатите идеолошки судири меѓу Никита Хрушчов и Ричард Никсон се случил на неочекувано место – во кујната на една американска изложбена куќа во Москва. Фрижидерот, машината за миење садови и електричниот шпорет станале аргументи во големата расправа за тоа кој систем нуди подобар живот.

Off Course

Храна за возрасни

Стигнавме на дното