40 години богата кариера низ фотографии - ги воспитувал Дражен Петровиќ, Теодосиќ, Дончиќ, Богдан

Кошарката остана без еден од своите доктори. Душан Дуда Ивковиќ ќе биде запаметен како трофеен архитект на баскетот под чија диригентска палка поминаа многу врвни играчи.

Откако ја завршил играчката кариера, Дуда Ивковиќ неколку години работел како тренер во младинците на КК Раднички од неговата родна населба Црвен Крст во Белград каде беше претседател до крајот од својот живот.

Пред почетокот на 1978-ма година станува помошник на големиот Ранко Жеравица во КК Партизан и веднаш го освојуваат Купот на Југославија. Наскоро откако Жеравица заминува да биде тренер во Пула, Дуда продолжува како главен тренер на „црно-белите“.

Душан Дуда Ивковиќ најлево на 36 години тренер на Партизан

Начекал млад состав предводен од легендарниот Кичановиќ, а поради тоа што Далипагиќ отишол во војска, морал да му бара замена од младинците на Партизан. Уште во првата сезона прави смена на генерација и со млад состав ја освојува првата тројна круна во историјата на клубот. Во сезоната 1978/1979 Партизан станува шампион на Југославија, го освојува Купот Радивоје Корач и плус Куп на Југославија.

Во Партизан им бил тренер на генијалните Драган Кичановиќ и Дражен Далипагиќ

Со новото чудо во југословенската и европска кошарка Дражен Петровиќ, Душан Ивковиќ се сретнал кога ја спремал репрезентацијата на Југославија за Универзијада.

Набрзо Дуда станува селектор на Југославија и се раѓа златната генерација кошаркари

Со оваа генерација Дуда освои сребро на Олимписки Игри 1988, злато на Европско првенство 1989, 1991 и 1995 и станува светски шампион со освоено злато во 1990та.

Дуда Ивковиќ воспитувал и учел играчи, но и тренери. Му бил главен ментор на младиот Жељко Обрадовиќ кој набрзо стана најдобриот тренер а подоцна и најтрофеен тренер во Европа

Во 1990-те години Душан Ивковиќ три пати ја освои шампионската титула во Грција (со ПАОК и Олимпијакос), четири пати Купот на Грција.

Во 1997-ма прави хет-трик со Олимпијакос: злато во грчкиот Куп, шампион на Грција и евротитула

Од Грција се сели во големата Москва каде им предава кошарка на многу врвни играчи. Тренер на ЦСКА Москва беше од 2002 до 2005 и со „армејците“ освои 3 шампионски титули (2002/2003, 2003/2004, 2004/2005) и 1 Куп на Русија (2004/2005)

Во 2005-та ЦСКА Москва ја почнува сезоната со страшна серија од 17 победи по ред и стигнува на крај на Фајнал Фор каде во полуфиналето губат од Тау Керамика со Калдерон, Приџони, Мацијускас и Луис Скола која претходно два пати ја победиле во регуларниот дел од сезоната.

Дуда тогаш ја продолжил праксата да им дава шанса на млади играчи па така Дмитриј Хвостов дебитирал за ЦСКА Москва на само 17 години

Белграѓанецот често беше темпераментен на теренот

Душан Ивковиќ и Дирк Новицки на Европско првенство 2011-та

Во 2009-та година на подмладената Србија и носи сребро со лидерите на новата генерација - Теодосиќ и Крстиќ кои најмногу научија од него а понатаму победуваа и со други селектори

Еден од најголемите успеси во неговата кариера е втората европска титула со Олимпијакос кога со нашиот Перо Антиќ и со легендарниот Василис Спанулис ја покорија Европа 2012 откако убедливо ја совладаа ЦСКА Москва со 1 поен разлика за голема радост на навивачите на тимот од Пиреја.

Последен тим во клупската кариера на големиот Дуда беше турскиот гигант Ефес Пилсен кој го внесе во плејоф на Евролига и ги постави темелите овој клуб да стане европски шампион минатата сезона

За време на Фајнал Фор 2018 кога Лука Дончиќ стана МВП и ја доби наградата за најдобар играч на финалниот турнир

ДУШАН ИВКОВИЌ, ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ УМОВИ ВО КОШАРКАТА

ДУДА ИВКОВИЌ САМО ЕДНА РАБОТА САКАЛ ПОВЕЌЕ ОД КОШАРКАТА

ТАЈМ АУТОТ НА ДУДА, КОГА МАКЕДОНИЈА ЈА ДЕКЛАСИРАШЕ СРБИЈА НА ЕП

ГОЛЕМИОТ ГРЕГ ПОПОВИЌ ЗА ДУДА ИВКОВИЌ