Таг: Србија

„Срце од црн гулаб“ - нова книга за магиските обреди во Србија

На корицата на новата книга на новинарот Момчило Петровиќ покрај насловот стои и следново предупредување: „Ова не е книга за паранормални појави, туку документарно четиво“ и извичник. И ова не е случајно, бидејќи укажува на можноста/ризикот бројните луѓе кои се уште веруваат во магии, и не само во Србија туку и на целиот Балкан, да посегнат по неа како по прирачник.

Постои ли во Србија култ кон оружјето?

Причините за трупањето оружје не ги бараме во поединечните склоности и психолошките мотиви, туку во колективните односно политичките перспективи. Патријархалната култура, неодговорната власт, фалсификувањето на историјата, несоодветниот образовен систем, колективната фрустрација од загубените војни, и отсуството на соочување со таа непријатна околност, инструментализацијата на траумата, сите тие се политички мотиви кои придонесуваат кон фантазмот за моќта на поседувањето оружје. Тоа, а не некаков култ.

Србија ја урна Норвешка со лудачки проектил во последна секунда

Најголемото изненадување во 3. квалификацико коло за ЕП 2024 се случи во Нови Сад, каде Србите го совладаа фаворитот Норвешка со 25:24. Урош Борзаш, кој е член на Елверум ја опали за сите пари за спектакуларен финиш во Нови Сад.

Здравствениот билтен на клучните играчи на Србија

Селекцијата на Србија за Катар замина со големи амбиции, но се наоѓа во проблеми, бидејќи има пораз од Бразил и реми со Камерун, како и ровити фудбалери.

Лудачко 3:3 меѓу Србија и Камерун

И покрај фаворитската улога и предноста од 3:1, селекцијата на Србија испушти победа против Камерун и дополнително си го зголеми притисокот пред последниот меч против Швајцарија. Србија прва примi гол и за три минути направи пресврт во финишот од првиот дел. Камерунците во вториот дел возвратија на идентичен начин.

Најглупавото новинарско прашање падна на пресот на Србија

После еден одигран натпревар на Светско првенство, на прес конференцијата на Србија го поставуваат следново прашање: Што велат дома, да се вратите побрзо од Катар или да останете подолго? И двајцата издржаа да не прснат од смеење, а тој лево беше спремен како пушка со соодветен одговор, полн со иронија.

„Не ми пукајте во лице“ - приказната за српската шпионка која е тема на нов филм

Пред Втората светска војна, Вера Пешиќ била таен агент на Кралството Југославија, на комунистите, на Германија и на Британија. Го запознала Хитлер, била љубовница на луѓе на високи позиции, поради неа многумина биле убиени, но и спасени. Напишала „Српска читанка“ и „Српски календар“. Стрелачкиот вод кој на крајот ја егзекутирал бил љубезно замолен да не ѝ пука в лице.

Србија, упатство за употреба

Теофил Панчиќ им посакува добредојде на Русите кои бегајќи од војната одбраа да дојдат во Србија но им дава и пар драгоцени потсетувања: овде луѓето ни се браќа сè додека тоа не нè обврзува на ништо конкретно а нај браќа се кога се далеку.

Во Србија „пукна“ пирамидалната шема со лајкови

Грејпфрут медиа е апликација која масовно се рашири низ Србија и Црна гора, а доаѓаше со едно фантастично ветување за заработување пари од лајкање, кое не бараше ништо од вас само една скромна почетна инвестиција од неколку стотици евра. Од пред некој ден апликацијата ја снема.

100 години од раѓањето на првата југословенска режисерка

Софија „Соја“ Јовановиќ режирала многу пред (само) трите колешки кои до сега го имаат добиено Оскарот - Кетрин Бигелоу, Клое Жао и Џејн Кемпион. Во Југословенската кинотека во тек е изложба посветена на нејзиното театарско и филмско творештво.

Како Веља Илиќ ќе ја спасувал Србија во Вашингтон

За време на најофицијални преговори сред Вашингтон, во Белата куќа, за прекинување на НАТО бомбардирањето на Србија, Веља Илиќ се издвоил од преговарачкиот тим подготвен да ја положи својата жртва за доброто на земјата. Над ваквиот план натежнале и сериозни опасности во случај тој да не успее „па да ми опет добијемо по тамбури од стране НАТО-а“

Дали Турција воено би интервенирала во Босна?

Турција во 2020-те е далеку помоќна од Турција од 1990-те, па таа денес без ничија дозвола интервенира во Сирија и во Либија, а директно се вмеша во војната меѓу Азербејџан и Ерменија, кога е така, зошто не би можела да интервенира и во Босна ако тоа затреба?

„Кур салон“: за лечење, коцкање и бирање мис на Југославија

Репрезентативна градба во Бања Ковиљача, во Србија, изградена во 1932. Иако асоцира на лекувалиште (од „кура“ - лечење), тукашните забави го дефинирале нејзиниот имиџ на тренди место каде се врткале политичари, богаташи и уметници. А можеби некој од нив и навистина се излечил.

Господин Светислав Кари Пешиќ за салата на Работнички Скопје

ФИБА направи тотален хаос со календарите кои се поклопуваат со Евролига и НБА, па репрезентациите играат квалификации за Светско во крпени состави. Србија едвај ја победи Латвија 101-100 а после мечот селекторот на Србите, големиот Кари Пешиќ имаше преубава прес-конференција.

Пиксизам - нов правец во фудбалската одважност

Селекторот на Србија, легендарниот Драган Стојковиќ - Пикси, реши од корен да го смени губитничкиот менталитет на оваа репрезентација. После само неколку месеци успеа да наметне победнички ДНК и да ја совлада Португалија на гости пред 55.000 гледачи со 1:2. Пазете ја изјавава пред мечот.

Делириумот на Србите на терен, во соблекувална па во автобус

Жешко беше синоќа на Балканот. Македонија за прв пат во историјата ќе игра бараж за Светско, Хрватска оствари директен пласман со автогол на Русите, а момците на Пикси го шокираа европскиот првак од 2016-та и тоа не нивен терен со голот на Митровиќ во 90-та минута.

ЦИА евакуираше агент од Белград

Заради сериозни повреди идентични на оние што се поврзуваат со Хавана синдромот, ЦИА во изминатите недели повлекла свој оперативец од Србија.

40 години богата кариера низ фотографии - ги воспитувал Дражен Петровиќ, Теодосиќ, Дончиќ, Богдан

Кошарката остана без еден од своите доктори. Душан Дуда Ивковиќ ќе биде запаметен како трофеен архитект на баскетот под чија диригентска палка поминаа многу врвни играчи.

Србија е олимписки шампион во ватерполо, одбрането златото од Рио

Ватерполистите на Србија во големото финале на ЛОИ 2020 во Токио ја совладаа Грција со 13:10 (6:3, 4:2, 2:2, 3:1) и заслужено го одбранија тронот.

Неверојатните подвизи и рекорди на Ѓоковиќ - станува ли најголем во историјата?

По епското полуфинале со Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ во финалето по голема борба и 251 минута жесток тенис со Стефанос Циципас 6:7 (6), 2:6, 6:3, 6:2, 6:4, го освои 19. Гренд Слем трофеј во кариерата.