Таг: кк партизан белград

Како се менува паркетот во Штарк арена кога играат Ѕвезда и Партизан во рок од 24 часа?

Партизан синоќа ја пречека Барселона, а Црвена Ѕвезда вечерва игра против Монако. Нема спиење, се работи за Евролигата и сè мора да биде пиц пец. До 6 сабајле работеа.

Чудна желба на навивач на Партизан

Понудата на српскиот навивач е до Кевин Пантер, после пријателската меѓу Партизан и Фуенлабрада. Погледнете ја реакција на Американецот после будалаштината од муабет нафрлен од трибина на кое незрело детиште.

Гробари ги пречекаа кошаркарите на Партизан на аеродром и им се поклонија

И покрај тоа што имаа комотна предност од 18 поени разлика среде Мадрид, Партизан не успеа да ја добие мајсторката против Реал, вредна фајнлфор во Евролигата. Кошаркарите со спуштени глави се вратија во Белград, ама наидоа на голема и гласна поддршка од навивачите, без разлика што прокоцкаа предност од 2:0 во серијата.

Траорна атмосфера во Штарк арената, гледачите фрлаа цвеќиња на терен

Не беше синоќа дојдено до кошарка во Белград, а најмалку до навивање. Да не беше згуснат распоредот во Евролигата, дуелот меѓу Партизан и Реал Мадрид сигурно ќе беше одложен.

Величествена кореографија во чест на Жељко Обрадовиќ

Нов меч на Партизан во Евролигата, нов невиден спектакл на Гробари кои повторно згрмија во Штарк арената, но овој пат подготвија и големо изненадување за нивниот тренер. Реал славеше 80:82 и намали на 2:1 во плејоф серијата. Четвртиот меч се игра во четврток, повторно во Белград.

Гробари „го погребаа“ Јабуселе како професионален борач

Серхио Љуљ го направи клучниот потег по кој избувна групната тепачка во Мадрид, ама Гершон Јабуселе беше безобразно груб и насилен, до таа мера што на Данте Егзум му ја заврши сезоната. Навивачите на Партизан одговорија брутално.

40 години богата кариера низ фотографии - ги воспитувал Дражен Петровиќ, Теодосиќ, Дончиќ, Богдан

Кошарката остана без еден од своите доктори. Душан Дуда Ивковиќ ќе биде запаметен како трофеен архитект на баскетот под чија диригентска палка поминаа многу врвни играчи.

И Никола распеа како Миличиќ само не полеваше со пиво

На друштвените мрежи се појави видео на кое некогашната легенда на кошаркарскиот клуб Партизан, Никола Пековиќ кој играше и во НБА за Минесота Тимбервулвс, а сега е прв човек на кошаркарската федерација на Црна Гора, пее кафански песни во стилот на освојувачот на титула во НБА, Дарко Миличиќ.

Сашо кога пцуе, клупата се тресе на тајм-аут

Кошаркарите на Партизан убедливо изгубија во Еврокупот од Булоњ Метрополитанс во Париз 79:62, а тренерот на „црно-белите“ Сашко Филиповски не можеше да ги задржи нервите и на еден тајм-аут ги отера играчите кај што не треба.