Таг: Белград

И Шкода и Ламборџини на паркинг се исто брзи

Дечко од Белград (или барем со БГ таблички) инаку новокомпониран сопственик на Ламборџини дава предизвик до целосната белградска полиција ако може да го фати со нејзините Шкоди што ги возат (и тоа не вака фино), па дури и кани „пандури“ да дојдат „да им....“

Да не знаеш дали е повеќе феил или драма дечково

Во историјата на раскинувањата немало вака фејк обид за правење драма. Па уште и на крај му направи „тргај пред мене!“

Бремето врз нејзините раменици

Нова изложба во Етнографскиот музеј во Белград, организирана по повод 120 години од постоењето на оваа институција, е посветена на еден предмет за кој мислиме дека на македонски се вика кобилица, а на српски е обрамец или кобилка. Навидум банална тема, но преку неа се истражуваат начините да се опстане и да се совлада и физичкото и, симболично, секое друго бреме.

ЦИА евакуираше агент од Белград

Заради сериозни повреди идентични на оние што се поврзуваат со Хавана синдромот, ЦИА во изминатите недели повлекла свој оперативец од Србија.

40 години богата кариера низ фотографии - ги воспитувал Дражен Петровиќ, Теодосиќ, Дончиќ, Богдан

Кошарката остана без еден од своите доктори. Душан Дуда Ивковиќ ќе биде запаметен како трофеен архитект на баскетот под чија диригентска палка поминаа многу врвни играчи.

Дуда Ивковиќ само една работа сакал повеќе од кошарката

Архитектот на кошарката кој освои еден куп медали каде и да предаваше, беше страстен љубител на гулаби. Гулабарството му беше најголемо хоби а оние кои го познавале од близу тврдеа дека повеќе го сакал овој вид занимација од кошарката.

Твит на денот за реакцијата на Роналдо

Србија и Португалија одиграа супер натпревар со 4 гола во квалификациите за Светско првенство. Во последните секунди од мечот Кристијано Роналдо постигна чист гол, ама линискиот и главниот судија проценија дека капитенот на Србите Стефан Митровиќ навремено ја исфрлил топката во аут. Роналдо нервозно тргна да го напушта теренот, пцуеше и ја фрли капитенската лента на земја.

Алексеј Покушевски е најмлад играч во НБА со 20+ поени (5 тројки)

19-годишниот српски кошаркар од Белград, лани беше избран како 17-ти пик на драфтот во НБА од Минесота Тимбервулвс која го набрзо го трампаше. Младиот Покушевски претходно играше за Олимпијакос, а сега блесна во Оклахома Сити Тандер.

Интересни анегдоти од автобиографијата на Михајловиќ (I дел)

Човекот чиј животен пат сигурно заслужува игран филм, на крајот од минатата година во Италија објави автобиографија во која раскажува за своите догодовштини од родното Буково кое го зафати воен виор, преку царскиот живот во Белград и успехот во Италија.

Луда прослава на јубилеј 50 години Гробари

Навивачката група „Гробари“ од Белград, приврзаници на Партизан, синоќа прославија голем јубилеј, 50 години од основањето. На својот стадион направија спектакл за паметење.

Кога Михајловиќ ги однел Виери и Адријано на лесковачка со кромид

На времето додека сите заедно играа во Интер, Синиша Михајловиќ решил да ги прошета по Белград Фавали, Адријано и Виери.

Актуелен случај во Србија: како се одредува плагијат на превод?

Стручна комисија на Универзитетот во Белград, по пријава на студент, утврдува дека професорка од Економскиот факултет во свој превод на учебник презела 150 страници од претходно издание на истата, потпишани од покоен постар колега. Но начинот на кој е извлечен овој заклучок е прилично спорен и остава простор за различни толкувања.

Како изгледа стручна анализа пред дерби во Србија

Саша Џани Чурчиќ е српскиот Пол Гаскоњ, човек кој играше за Офк Белград, Партизан, Болтон, Астон Вила, Кристал Палас и Мадервил. Во Англија ден-денес навивачите раскажуваат за неговите бројни лудории (најчесто дамла пијан) во стилот на легендарниот Газа. Во пресрет на денешното дерби Партизан - Црвена звезда се сеќаваме на еден негов „стручен“ коментар пред едно претходно белградско дерби.

Улична тепачка меѓу навивачи на Црвена Звезда и Партизан

Белградското вечно дерби се одигра на стадионот „Рајко Митиќ“ и заврши без голови. Пред, за време и после дуелот низ градот имало неколку инциденти меѓу навивачите на двата клуба.

Малиот Лука кој спиел во кола, сега ќе игра во Реал Мадрид

Првиот голем трансфер во Европа бидна. Го направи Реал Мадрид, откако потпиша договор со српскиот репрезентативец од Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, шпиц кој сезонава растури во Лига Европа и Бундеслига.

Калиниќ, Тевез, Рибери - до врвот на светот со сериозни деформитети

Приказните на српскиот кошаркар и аргентинскиот и француски фудбалер се многу инспиративни. За разлика од многу други, овие тројца никогаш не правеле трагедија од тоа што ги снашло во животот и ги оштетило за век векови. Напротив.

Трол на месецот

Неколку дена пред гостувањето во Белград, фудбалскиот клуб Ливерпул се обратил до Партизан со барање да ги користат терените и сместувачкиот капацитет во нивниот модерен тренинг центар „Земунело“. Овие со широки раце прифатиле а кога Ливерпул дошол, на Јирген Клоп му дале дрес од Партизан со број 4 како алузија на четирите гола кој Ливерпул на „Енфилд“ ѝ ги даде на Црвена звезда - нивниот најголем ривал.

Сензација во Белград, Црвена Звезда го совлада Ливерпул!

Белградска Црвена Звезда ја слави најголемата победа во клупската историја по европската титула во Бари, откако вечерва со два прекрасни гола на младиот центарфор Милан Павков го скроти европскиот вицешампион Ливерпул.

Ѓердан Шаќири поради безбедност не патува со Ливерпул во Белград

Сагата меѓу навивачите од Србија и швајцарскиот фудбалски репрезентативец роден на Косово, продолжува. Односно медиумите неуморно ја продолжуваат.

Статива на денот

Кога Јапонец ќе дојде во Белград.

На Црвена звезда ѝ се запали автобусот додека славеше титула

На белградските „црвено-бели“ им преседна славјето откако по прекумерна употреба на пиротехника во отворениот автобус направија голем пожар.

Најнасилното ривалство во фудбалот, Гробари и Делии

Вајс открија дека Гробари и Делии не се сакаат меѓу себе (до економијата било) и во таа чест одат до Белград да снимаат што се случува за време на „Вечно дерби“.

Што го чека Арсенал во тунелот на Маракана

Неколку наши фудбалски репрезентативци кои во кариерата играа за Црвена звезда раскажуваа дека противничките фудбалери во подтрибинскиот простор на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград се бледи како крпа. Еве и зошто.