Што во Англија, поточно на англиската литературна сцена, значи кога ќе се изговори името Борислав Пекиќ?
Дали вие тоа се шалите?
Зошто би се шалеле?
(се смее) Немојте, што значи тоа? За кого? За Англичаните?
Па, за еден дел од таа јавност.
Пред две години, без оглед на тоа што мои книги се објавувани на англиски јазик, две, во еден таков тираж кој не задоволува ни минимални комерцијални критериуми на издавачите, доаѓам на англиска пасошка контрола и службеникот ме прашува: „Што сте по занимање?“ Бидејќи имам дозвола за престој, нема проблем околу влегувањето, просто, го интересира. „Писател.“ „Па“ вика тој „што имате напишано?“ Му кажувам. „Никогаш не сум слушнал за вас.“
За мене знаат само двајца мои комшии, од левата и од десната страна на мојата куќа, и тоа е сè. Всушност, добро би било кога наши луѓе кои се бават со јавен живот од ваков вид повремено би отишле во странство барем на две-три години, да сфатат дека сè не се случува на потегот меѓу Славија и Теразије. Дека сè не се одвива тука и малку да ја спуштат својата суета.
Сакам да ви се заблагодарам и да Ви посакам да ве запознае и трет комшија во Лондон.
Баш ви благодарам. Тоа би ми било доволно. Веќе четвртиот би можел да ми пречи.