Во која фаза сме?

За четирите клучни чекори за запирање на една епидемија, од романот Беснило на Борислав Пекиќ. Роман во чија најава авторот нагласува дека „настаните се фиктивни“ а „реална е само нивната можност“. А можноста некогаш знае опасно да мутира во реалност.

1. Болните од беснило се ликвидираат.

2. Се ликвидираат и оние кај кои беснилото само се сомнева.

3. На ликвидација се подведуваат и сите оние кои не се под сомнеж дека имаа беснило но се однесуваат бесно.

4. Се ликвидираат и сите здрави кои на каков било начин и од какви и да е причини, ја попречуваат ликвидацијата на бесните.

 „Беснило“, Борислав Пекиќ, 1983 година.

28 април 2020 - 07:57