Сè за вашиот пенис што ви било страв да прашате

Уредниците на GQ фаќаат да разработат девет генерални проблеми околу главниот машки проблем. Учествуваат и мажи и жени. Првиот совет:

1. Никогаш нема да ја знаете вистината за вашиот пенис сè додека не ги прашате бившите девојки.

1. Никогаш нема да ја знаете вистината за вашиот пенис сè додека не ги прашате бившите девојки.

Во зависност од тоа по каква основа сте го добиле овој статус, вашите бивши веројатно се најдобриот авторитет за оваа проблематика. Не само што ќе ви завршат работа повеќе од кое било научно истражување и класификација, туку ќе ви ги отворат очите за одредени ставки за кои не сте ни имале поим дека некој им обрнува внимание.

Генералниот консензус на бившите девојки на Дејви Ротбарт е дека пенисот му е "средна големина ама врши работа."

Она што го открива по пат е дека:

- Негова бивша девојка имала врска со ММА борач кој имал огромен пенис, ама неговата "преголема самодоверба функционирала во сексуални ситуации, но не и за долги врски."

- Девојките обрнуваат внимание на текстурата и формата на вашиот полов орган.

- Исто така кај различни мажи е различна и тврдоста на пенис во ерекција. (И тука важи златна средина - "Имав еден дечко што му беше тврд како маркер. Сексот со него беше како вонземјани да ти ставаат сонда.")

- Совет: ни една жена не е задоволна од мал пенис, ама ќе биде повеќе од задоволна ако си добар со други работи.

(Исто така, без разлика на големината жена секогаш ќе најде начин да не те навреди во споредбата со други мажи, и да ти најде некоја карактеристика по која што си ти најдобар. Тоа треба да се почитува.)

2. (Најдобрата точка) Поголемо не е секогаш и подобро
Обично е, само ако не се претера.

"Имав дечко што имаше пенис од 20 сантиметри и беше толку самоуверен во својата големина, што едноставно само лупаше. Воопшто не беше забавно. Најдобриот секс во мојот живот беше со маж кој имаше далеку помал пенис - веројатно под просекот. Ама имаше потези. И знаеше со рацете. Имаше негава страсна сила во кревет, што наликуваше на Животот е убав на Бенини.

Најважно - самодоверба. Ова е единствената работа за која големината е важна - гордоста да се влезе во која било соба гол и да се размавташ. Важната работа не е да имаш бејзбол палка во гаќи. Важно е да мислиш дека имаш," објаснува Сиобан Росен.


3. Веројатно не треба да му дадеш име
"Можеш ако имаш 14 години, бидејќи 14-годишниците се комплетни морони. Ти господин читател на GQ, немаш такво оправдание."


4. Која форма на пенис имаш?


6. Тајните на пенис акробатот

Меѓу клучните работи што ги кажува Сајмон Морли, автор на Puppetry of the Penis, е "Потрошете 10 или 15 минути наутро со пумпа за пенис. Со тек на време ова неминовно ќе ви донесе уште некој сантиметар."

5. Како да ти доживее 100 години
Во книгата Фактор на тврдост, докторот на Лангон медицинскиот центар на Универверзитетот Њујорк, Стивен Лам, пишува дека "пенисот е барометар на здравјето на мажот."

Според него ова е лошо за вашиот пенис:
- дебелина, холестерол, пушење, стрес. Се што до сега знаете дека е лошо за вас е лошо и за вашиот пенис.

Ова е добро:
- Сметајте дека вашиот пенис е Ферари. Каков бензин би ставил во Ферари? Сигурно најквалитетен. Истото важи и за храна. Какао, колку може поквалитетно. Исто така, овошје, зеленчук, влакна, риба, витамин Б. Добро правило е: се што сте чуле дека е добро за вашето срце исто така е добро и за вашиот пенис.

- Важно е да имаш многу секс. Сексот го зголемува крвотокот. И ова е начин на кој внесуваш повеќе крв со кислород во органот.

 

7. Како да го направиш уреден
Скрати
"Едно од главните правила е никогаш да немаш нешто што изгледа дивјачки. Правило: влакната во делот под стомакот и над колениците, не треба да бидат доволно долги за да можеш да ги завртиш околу прст. Пречат."

Немој тасма
Немој тасма

Со време подготви се
Кога го средуваш обрати внимание исто како после шишање - обавезно оди под туш.


8. Што ми е проблемот?
Ретко која работа знае да преплаши маж како чувството дека пенисот не му функционира добро. Докторот од Медицинскиот центар на Универзитетот Колумбија, Питер Стал, објаснува проблеми и што тие значат:

- Ерекција која трае подолго од 4 часа
Ова не е за смеење и ова е едно од предупредувањата што ги има на рекламите за Вијагра. Станува збор за ретка појава ама ако одма не е третирана, може да дојде до прекин на снабдувањето со крв, што резултира со недостаток на кислород и последователна смрт на ткивото.

- Рак на тестиси
Треба проверување и треба редовно проверување на тестисите. Посебно ако имаш семејна историја од оваа болест или проблеми со плодност.

 

9. Како да провериш дали се е во ред и дали имаш рак

Пет сосема лесни чекори за проверка на вашите тестиси

Дали имате тестиси? Тогаш треба да ги проверувате барем еднаш месечно, вели др.Стол

Ракот на тестисите е едно од најчестите канцерогени заболувања кои се јавуваат кај младите мажи, но неговото навремено откривање доведува до 95% излечивост.

Следете ги следниве 5 чекори за проверка на вашите тестиси

1. Проверката би било најдобро да ја извршувате додека сте во бањата за време на туширањето или додека сте во сауна, бидејќи тогаш мускулите на скротумот ( испапчување или кесичка која е составена од кожа и мускули во која е сместен тестисот) се релаксирани, а и така веќе сте голи.

2. Запознајте ги своите тестиси. На врвот од задната страна на секој тестис се наоѓа мало топче во форма на џумка кое се нарекува епидидимис ( составен дел од машкиот репродуктивен систем во кој се содржи спермата ). " Многу мажи не знаат дека тој се наоѓа таму " објаснува Стол па затоа најчесто мислат дека станува збор за некаков израсток на тестисот.

3. Ставете го палецот на врвот од предна а показалецот или средниот прст на задната страна од скротумот и лесно напипувајте го секој тестис поединечно, барајќи нешто тврдо или нешто што ќе забележите дека отстапува од нормалното.

4. Немa потреба да се вадите од памет. " Најголем број од мажите кои доаѓаат на лекар а забележале некаков израсток додека сами се прегелдувале, реално немаат знаци за рак на тестиси "- вели др.Стол "Најчесто се работи за бенигна формација или пак не е ништо."

5. Имајќи го сето ова во предвид, бидете внимателни. Треба да имате релативно низок праг за мерките на претпазливост и посета на вашиот лекар. ( сака да каже : бидете и по малку параноични и при секоја мала промена што ќе ја забележите посетете го вашиот лекар).

Извор и комплетна верзија: GQ

31 јануари 2014 - 16:42