Путин доби „гига-астал“ за Каспискиот самит

Од почетокот на годинава, најверојатно заради здравствени ем безбедносни стравови, Путин главно практикува средбите да му се случуваат на маси со капацитет за одржување селска слава. На Каспискиот самит не беше ништо поразлично.

Инстантно споредбите беа направени со лидерите на Г7 на самитот во Германија, каде на масата имаше 9 луѓе, за разлика од гига-асталот од Каспискиот самит каде има само петмина.


И на пристигнувањето на самитот во Ашхабад (Туркменистан), Путин одбил да биде пречекан од домашната делегација.

1 јули 2022 - 08:38