На турист не можеш да му удоволиш

Има мал број на искуства што можат да го надминат моментот кога пред вас ќе се исправи некое од светските чуда. Тоа не значи и дека нема турист кој соочен со некое неверојатно достигнување на архитектурата нема да каже - мх, некако досадно е. Дел од коментарите на TripAdvisor за новите 8 светски чуда.

Кинескиот ѕид
Факти - изграден во 7-от век пред нашата ера; најдолгата градба во светот направена од човек; изградбата завршува со неколку милиони жртви.

Најчести поплаки - лошо мириса, магла, има гужва, на телевизија изгледа поубаво, веќе не е кул како што беше

 

Петра
Факти - изграден во 100-та година п.н.е.; наводно тука било апсењето на апостолот Павле; само 15% од градот се истражени од археолозите.

Најчести поплаки - многу гужва, досадно е, мртво куче



Статуата на Исус искупителот
Факти - изградена во 1931-ва; најголемата Арт Деко статуа во светот.

Најчести поплаки - магла, многу гужва, скапо, "нема што да се види"



Мачу Пикчу
Факти - изграден во 1450; објектите се направени без малтер.

Најчести поплаки - труење со храна, комарци, скапо е.



Чичен Ица
Факти - изградена во 600-та година; некогашно најважно место за аџилак на Маите.

Најчести поплаки - премногу топло, досадно, напорни продавачи, "ужасно."



Колосеум
Факти - Изграден во 80-та година; има место за 50-илјадна публика; бил користен за гладијаторски борби.

Најчести поплаки - гладијатори, скапо, досадно.


Таџ Махал
Факти - Изграден во 1648-ма; најголемиот мавзолеј во Индија; биле потребни 200 години за да се изгради.

Најчести поплаки - лошо мириса, многу гужва, не се гледа


Пирамидите во Гиза
Факти - изградени во 2560-та година п.н.е.; направени од над 2 милиона блокови, од кои секој тежи по 2,5 тона.

Најчести поплаки - Опасен превоз со камили; купиште ѓубре; мали деца те маваат по грб.

 

Бонус: Еден човек, кој наспроти целата своја волја го пропатува цел свет


9 ноември 2013 - 16:30