Одговорите варирале од 200 милилитри до пола литар.
„Апсолутната тежина не е важна“, одговорила таа. Зависи од тоа колку долго ми е во рака. Ако ја држам една минута, не е проблем. Ако ја држам цел час, раката ќе ме здоболи. Ако ја држам цел ден, раката ќе ми се вкочани и парализира. Како и да е, тежината на чашата не се менува, но колку што подолго ја држам, таа станува се потешка.
Стресовите и секирациите во животот се како оваа чаша вода. Ако кратко мислиш на нив нема ништо да се случи. Но ако мислиш на нив подолго, тие почнуваат да болат. Ако мислиш на нив цел ден, се чувствуваш парализиран, неспособен да направиш што и да е друго“.
Не заборавајте да ја спуштите чашата.