Дизајнирање игрица: „Проблем со вратата“

Дизајнер на игри за многумина звучи како некоја шалабајзерска работа. Но, од страна, и атомска физика на многумина зналци од општа пракса им звучи како нешто за кое тие имаат уважено и небитно мислење. Ајде да расчлениме што сè треба да  реши еден дизајнер на игрица, и тоа само во поглед на вратите во играта.

Премиса: Создаваш игра.

  • Има ли врати во играта?
  • Може ли играчот да ги отвори?
  • Или пак некои врати се само за украс?
  • Како играчот ќе ја знае разликата?
  • Дали вратите кои се отвораат се зелени а другите црвени? Или пак вториве ќе ги оставиш без квака?
  • Дали вратите можат да се заклучуваат и отклучуваат?
  • Како играчот знае дека некои врати може да заклучуваат/отклучуваат?
  • Дали играчот знае како с отклучува врата? Му треба клуч? Да хакне нешто? Или да реши загатка? Или да почека да помине дел од приказната?
  • Дали постојат врати кои се отвораат ама не може да се поминат?
  • Од каде доаѓаат непријателите? Дали преку вратите и дали тие се заклучуваат после нив?
  • Дали вратата се заклучува откако ќе се помине?
  • Што кога има двајца играчи? Дали едниот му го блокира минувањето низ врата на другиот?
  • Дали едниот играч може да продолжи ако другиот играч не минал низ вратата?
  • Колкава е вратата?
  • Што е со сојузниците кои те следат? Колкумина од нив можат да ја заглават вратата?
  • Што е со непријателите? Дали оние кои се поголеми од играчот можат да минат низ истата врата?

Ова се класични проблеми кои треба да ги реши еден дизајнер на игра, само во поглед на еден нејзин аспект (вратите). Но решавање на овие  проблеми не го затвора проблемот со вратите. Игрите се прават во сложен систем од експерти од различни профили и еве дел од нивниот проблем со вратите:

Креативен директор: Да, дефинитивно ни требаат врати во оваа игра.

Проект менаџер: Ќе планирам распоред на активности за да се направат вратите.

Дизајнер: Напишав документ со објаснување зошто ни требаат врати.

Концептуален уметник: Направив неколку прекрасни фурнири на вратите.

Арт дир.ектор: Овој третиов фурнира е баш тоа што ни треба.

Аниматор: Направив вратите да се отвораат и затвораат.

Дизајнер на звук: Создадов звуци кои вратата ги прави кога се отвора и затвора.

Аудио инженер: Звукот на вратата која се отвора или затвора се менува во зависност од тоа каде е играчот и во која насока е свртен.

Композитор: Направив носечка композиција за вратата.

FX уметник: Направив штосни ефекти кога вратата се отвора.

Сценарист: Кога вратата ќе се отвори, играчот ќе рече: „Види, вратата се отвори!“

Светло: Кога вратата е заклучена, постои силно црвено светло, кога е отклучена -зелено.

AI програмер: Непријателите и сојузниците знаат ако постои врата и дали можат да ја минат.

Мрежен програмер: Дали сите играчи истовремено треба да видат отворена врата истовремено?

Инженер за објавување: Мора да ги имам вратите до 15 часот ако сакате да ги има на диск.

Програмер на енџинот: Го оптимизирав кодот за да дозволи до 1024 врати во играта.

Програмер на алатки: Направив да е лесно поставување врати.

Дизајнер на нивоа: Ставив врата во тоа ниво и ја заклучив. Се отклучува во следното ниво.

Интерфејс дизајнер: На вратата ставив маркер и таа сега има своја икона на мапата.

Систем дизајнер: Играч на 4-то ниво заработува 148xp за отворање врата за што ќе му требаат 3 злата.

Дизајнер на монетизација: Можеме на играчот да му наплатиме 0.99 долари за вратата веднаш  му се отвори или пак да треба да чека 24 часа за таа да се отвори бесплатно.

Тестер: Дојдов до вратата. Истрчав до вратата. Рипнав во вратата. Стоев до неа додека не се затвори. Го зачував напредокот и повторно дојдов до вратата. Загинав и пак ја дигнав играта. Фрлив граната во вратата...

Продуцент: Мора ли на сите да им ги дадеме сите врати или некои ќе бидат ексклузивни само за оние кои ќе направат пред-премиерна нарачка?

ЦЕО: Сакам да знаете колку го ценам времето и трудот што го вложивте во овие врати.

ПР: До сите наши фанови: нашата игра ќе биде лудило #gamedev #doors #nextgen #retweet”

Менаџер на социјални мрежи: Им соопштив на нашите фанови дека забелешките околу вратите ќе бидат вметнати во следниот пач.

Корисничка поддршка: Играч нè контактираше, беше збунет околу вратите. Му дадов детални инструкции како вратите се користат.

*****

Играч: Јас не ни забележав дека има врати во играва.

30 октомври 2017 - 11:38