Денот кога Реган најави бомбардирање на Русија

40-от претседател на САД кој денеска им е икона на американските конзервативци, беше првиот кој дојде на функција од светот на шоу бизнисот, поточно филмот. Роналд Реган имаше редовни неделни обраќања до нацијата преку радио а на денешен ден (11 август 1984) кажа нешто што треба ама и нешто што не е за кажување.

Тој 11 август Реган ѝ се обрати на нацијата од неговиот Ранчо де Сиело во Санта Барбара, Калифорнија. Обраќањето започнува со обзнанување дека ставил потпис на Законот за еднаков пристап кој го сметал за еден од неговите главни адути во кампањата за реизбор.

„Мои сограѓани Американци: Задоволство ми е да ви кажам дека денес потпишав закон што ќе им овозможи на студентите од религиозните групи да почнат да го уживаат правото кое предолго им е ускратено - слободата да се состануваат во јавните средни училишта во воншколско време, исто како што им е дозволено на другите студентски групи.

Но Реган беше и еден од позабавните заебанти во листата американски претседатели, па пред официјалното вклучување, додека тонските сниматели го местеле звукот, наместо стадардните „тест, тест, јен-два“ во микрофон го има кажано ова:

Драги мои сограѓани Американци, задоволство ми е да ви кажам дека денес потпишав и уредба со која Русија ја забранувам засекогаш. Почнуваме да бомбардираме за пет минути“.

За среќа на планетава, тој дел не отиде во етер туку подоцна протече во јавноста, за што Реган го осудија и Советите и неговиот против кандидат Волтер Мондејл. Реган сепак победи.

**********

 

 

11 август 2022 - 13:40