Библиотека на денот

На страна регуларната работа што ја тера, Библиотека Куманово на интернет почна да објавува комплетни скенирани броеви од „Наш весник“. Името речиси сигурно не ви е познато претежно затоа што тоа е весник кој излегува исклучиво во Куманово и околијата, и тоа во децениите по Втората светска. Без разлика што не ви е познат, до сега скенираните и дигитализирани броеви од весникот се спектакуларно занимиливи како од содржински, така и од графички и дизајнерски аспект, и како времеплов во секојдневие и проблеми од пред неколку децении.

Според луѓето од библиотеката опремата за дигитализација на весникот (и следните проекти) ги чинела околу 700 евра. Кога ќе завршат со Наш весник, планот им е да продолжат со: Рад, НИН, Борба и Политикин Забавник.

Неколку наши извадоци:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сите до сега скенирани броеви од списанието (и идните апдејти) ги имате тука.