Таг: Наш Весник

Библиотека на денот

На страна регуларната работа што ја тера, Библиотека Куманово на интернет почна да објавува комплетни скенирани броеви од „Наш весник“. Името речиси сигурно не ви е познато претежно затоа што тоа е весник кој излегува исклучиво во Куманово и околијата, и тоа во децениите по Втората светска. Без разлика што не ви е познат, до сега скенираните и дигитализирани броеви од весникот се спектакуларно занимиливи како од содржински, така и од графички и дизајнерски аспект, и како времеплов во секојдневие и проблеми од пред неколку децении.

Нели ве стра?

Пред некој д'н, збрасмо се пар ентузијасти у Куманово сас ниет и жељу да га извадимо град од медиумски мрак кој не запоседна откако социјализам реши да отиде у заборав. Памтиш га и ти тој златно доба нели, или млад си, па све што памтиш е тој дека к'д си имаја пет године, сви мислеле дека имаш четири и пол, а? А памтиш ли и тој дека од д'н од к'д не постои Наш Весник драги Иване, ми сто илјаде на број избрасмо начин да се информирамо такој што ќе седнесмо уз астал, па уз едно тешко оговарање давасмо свој максимум да дознемо све, уз додавање на свои измислени примеси и верзије како би цела прича добила на публицитет де, ам'н па и ти. И живесмо такој едно дваесе године уз квази телевизије и никакав весник, и сфатисмо дека у овуј државу освен што е демократија и слобода превазиѓена ствар, и оговарање е исто такој ептен превазиѓено, и дека само малограѓанштина оговара, и нели "душа мила-ризик јак", и да дојде Дунав, ми би ипак да пробамо да га оживимо едно одамна заборавено средство за информирање у наш град викан печатен медиум, па ако треба и нека се цркне.