Нема технологија што со мрза нема да ја поразиме

Имате колку сакате минути да размислите за што би можел да послужи маус ставен врз рачен часовник. Еве и ќе ви помогнеме, главна намена му е да го прелажеш шефот/клиентот, вие комплетирајте ја сликата како.

Маус и часовник системот е смислен како контра на бројните системи што некако ти мерат продуктивност на работа на компјутер. Конкретно системите на кои следењето на продуктивност им зависи од тоа колку ти се движи и мрда маусот.

Каква врска има часовникот?

Станува збор за аналоген часовник со три стрелки: час, минути, секунди. Секој пат кога ќе мрдне стрелката за секунди, тоа го активира ласерот на маусот, што системот го запишува како некаква активност.

И ова функционира без разлика дали те контролира шефот, или на некого му наплаќаш од час за работење на проект/нарачка.

20 октомври 2021 - 12:41