Што готвеше Реџепи во Мексико

Да не седи бадијала додека му се реновира НОМА во Копенхаген, Рене Реџепи реши со својата екипа до отиде на еден месец во Мексико. Се врати со 4,2 милиони долари.

Гостиварчанецот одбра место во малото мексиканско гратче Тулум на карипскиот брег, подигна привремено поп-ап ресторанче и објави дека тој и неговата екипа се подготвени да послужат 7.000 оброци во рок од еден месец. Резервациите пламнале за само два часа.

Служеа само вечери, само од среда до недела. 600 долари по човек, со данок и услуга - 750 долари. Го викаа „хајпер -локално мени“ (мора да го наречеш така некако за да наплатиш толку пари), со свое видување на мексиканската храна. 

 

19 октомври 2017 - 10:03