Млад човек од Корнвол ја губи својата фарма од банката. Класична ситуација: не може да ги плаќа ратите од кредитот и банката решава да го заплени она што го заложил, земјата.
По некое време, таа фарма се дава на аукција. Родителите на младиот Дејвид собираат некоја пара но не се сигурни дека тоа ќе бидат доволно пари за да се победи на аукцијата. Надежта дополнително им бледее кога гледаат дека на таа аукција се појавуваат преку 200 фармери од околината.
Дејвид и родителите го даваат своето скромно прво наддавање и тогаш се случува нешто фасцинантно, она што е уловено на фотографијата. Никој од присутните не наддал ни цент повеќе. Фармерите биле дојдени не за да ја земат земјата, туку да му помогнат на младиот човек да си ја врати фармата.
Во тешки времиња, тешко е без луѓе.