Па и ние имаме езера!

Решение за горечкиот проблем на објективно немање простор за нови споменици доаѓа од еден британски скулптор. Се разбира, предлогот треба да се приспособи на нашите услови пошто ако ставиме уште еден Чакаларов во Дојранско, само тоа газот на коњот ќе вири надвор.

Џејсон деКер Тејлор прпват го сврте вниманието кон своите уметнички погледи кога правеше подводен римејк на "вистинскиот живот на Атлантида", потопувајќи скулптури од автомобил Буба па дури и цела куќа.

Овојпат има сериозна порака, изведена во неговиот подводен музеј покрај бреговите на Канкун, Мексико, каде што има создадено вистински полигон на споменици (на скопски: плоштад).

Инвазијата на човекот во природните живеалишта и нивното уништување е основниот мотив на кој Тејлор овојпат сака да го добие вниманието. Затоа и неговите подводни скулптури изгледаат толку морничаво:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

18 октомври 2013 - 09:15