Му мафнавте ли на Сатурн?

Знаејќи дека ќе не фотографираат од далечина од преку милијарда километри, илјадници Земјани во јули мафтаа кон Сатурн. Како испадна сликата?

Вселенкото летало Касини, кое орбитира околу Сатурн, минатиот месец сликна фотографија во наш правец. Планетава е пиксел од таа фотка, но доволно за да возвратиме. НАСА повика да мафтаме натаму и на тој начин собра 1.400 фотографии од луѓе (и друго), пратени преку Twitter, Facebook, Flickr, Instagram, Google+ и меил.

Ете ја фотката со мозаикот подолу. Кликнете ја за нејзината вистинска но огромна (28 мега) димензија.

27 август 2013 - 11:45