Ампутации и операции за спасување животи не се ексклузивни вештини на луѓето. Научници откриле дека еден вид мравки, кафеави од Флорида, се вистински мали хирурзи кои поседуваат медицинска интелигенција. Тие умеат селективно да ги третираат повредените екстремитети на колегите, им ги чистат раните а ако тоа не е доволно, им ги ампутираат оштетените делови за да им спасат жива глава.