Го чувствувате ли пингвинот во себе?

Пингвините се жилави суштества. Преживуваат во едни од најбруталните услови на Земјата благодарејќи на микс од социјална кохезија и тврдоглавост. Имаат големо его, хаотичен сексуален живот и обично, жесток нагон за преживување. Но, понекогаш, пингвинот едноставно знае да пукне. Наместо со своите, знае да се упати во спротивен правец, далеку од храната и заштитата, во сигурна смрт. 

Долго време ова важи за една занимлива биолошка мистерија, но во  2026 година, интернетот ѝ даде смисла: овој пингвин сега е вирална икона за „прегореност“. За желбата на луѓето да се оддалечат од бучавата. За оние кои ја избираат тишината на планините пред хаосот на колонијата.

На ниво на биологија, сè уште е загатка ова „намерно“ самоубиство на пингвините. Не постои потврден механизам или солидна теорија. Дали е невролошки проблем? Ретка форма на птичја депресија? Или едноставно се губат и се дезориентираат?

Ѕирнете го клипот од документарецот на Вернер Херцог, „Средби на крајот на светот“

********

 

29 јануари 2026 - 14:22