„Опседнатата“ куќа на Џени Мекарти

Една од најпопуларните анти-ваксерки и самопрогласен „научен скептик“ (богати!), деновиве побрза да сподели видео доказ за своја средба со нешто натприродно. Снимка од нејзиниот дом на која во еден момент се слушаат пар тонови од пијано, иако крај нејзиното пијано нема никого.

Дел од нејзините ФБ фанови (сè научни скептици) се согласија дека се работи за паранормален феномен, веројатно дух на починат човек, еден дури и го беше видел духот.

Некои понаивни пак, предложија Џени да си го провери својот Gooogle Home, бидејќи тој дава таков звук кога се бутира.

22 јули 2018 - 18:25