Иако има количина, главниот проблем со Карел е што на пиењето му пристапува многу американски - дај ми од сè и дај ми одма. Неколку совети околу грешките на Карел што не треба да ги повторите:
- Немој, никако немој да мешаш пијачки. Можеш да почнеш со ракија и да продолжиш со пиво или вино, ама немој ракија, па вотка, па виски, па коктел, па вино, па џин, па текила. Едноставно немој.
п.с. Тоа со боите на пијачките звучи како глуп мит, ама се покажало како добро правило: немој да мешаш пијачки со различни бои, пиј или само бел, или само жолт алкохол.
- Ако има нешто за мезење, мези, ако нема, најди нешто да мезиш.
- Немој брзо да пиеш, посебно немој на екс. Води ја секоја чаша како да ти е последна.
- Вода, вода, вода.
- Ако видиш дека некој одеднаш почне да нарачува дупли пијачки, или става пола бокалче ракија во чаша (ако пие во широки, де), станувај го, ова е крај.