Жените за Том Веитс

Саде жени да ти прават трибјут албум и тоа додека си жив, покажува дека лежерноста на еден маж може да го однесе подалеку отколку да бил еден од оние што запнуваат.

Фиби Бриџерс, Ејми Ман, Пети Грифин и други музичарки ќе бидат дел од најавениот женски албум посветен на музиката на Том Веитс кој ќе содржи 12 преработки на негови песни. Албумот се вика „Come On Up to the House: Women Sing Waits“ и треба да излезе кон крајот на ноември.

„Том е вистински оригинал како пишувач на песни, пејач и композитор. Просто, нема како него. Под слоевите на неговиот звук и уникатното вокално фразирање, лежат едни од најубавите и најискрени песни кои некогаш сум ги слушнал во животот. Пред многу години дојдовме на идеја да се фокусираме исклучиво на убавината на тие песни. 15 години подоцна, бевме одушевени со каква страст и ентузијазам реагираа музичарите на кои им ја предложивме идејата, што може да се слушне и на нивните песни. Албумот е вистинско празнување на музиката“, пиша првиот човек на издавачката куќа која стои зад албумот.

Како загревање, пуштени се две песни од „Жените го пеат Веитс“. Пети Грифин ја пее “Ruby’s Arms” (од Heartattack and Vine), и обработката на Кортни Мери Ендрјуз на “Downtown Train” од албумот Rain Dogs.

Ова ќе биде целата листа песни:

01 Joseph: Come On Up to the House
02 Aimee Mann: Hold On
03 Phoebe Bridgers: Georgia Lee
04 Shelby Lynne & Allison Moorer: Ol’ 55
05 Angie McMahon: Take It With Me
06 Corinne Bailey Rae: Jersey Girl
07 Patty Griffin: Ruby’s Arms
08 Rosanne Cash: Time
09 Kat Edmonson: You Can Never Hold Back Spring
10 Iris Dement: House Where Nobody Lives
11 Courtney Marie Andrews: Downtown Train
12 The Wild Reeds: Tom Traubert’s Blues

 

23 август 2019 - 15:44