1. Jimi Hendrix - 'All Along The Watchtower' (оригинал - Боб Дилан)
"Хендрикс можеше да најде работи во некоја песна и жестоко да ги развие. Тој наоѓаше нешто што другите луѓе не ни помислуваа да го побараат таму. Тој веројатно ја подобруваше песната со начинот на кој ја користеше," изјави Боб Дилан во 1995-та, за преработката на неговата песна.
2. Johnny Cash - 'Hurt' (оригинал - Nine Inch Nails / Трент Резнор)
"Почнаа солзи да ми надоаѓаат. Сфатив дека ова повеќе не е моја песна. Ми пројдоа морници по кичмата. Изгледаше неверојатно моќно дело. Откако тој почина, знам дека бев тажен, но бев почестен што го обележав крајот на неговиот живот со нешто многу вкусно," изјавил Трент Резнор за изведбата на Џони Кеш.
3. Jeff Buckley - 'Hallelujah' (оригинал - Леонард Коен)
На почетокот од 80-те, кариерата на Коен е на самото дно. Кога ја пишува "Hallelujah," неговата издавачка куќа нема намера да ја снима. Таа се појавува дури 1984-та на алубмот Various Positions. Нумерата станува хит меѓу фановите, но не добива поширока популарност се додека Џон Кејл од Velvet Underground не прави пијано верзија од неа. Џеф Бакли ја користи верзијата на Кејл, и ја снима на неговиот албум од 1994-та - Grace.
4. Joe Cocker - 'With A Little Help From My Friends' (оригинал - Битлси)
Во 1969-та Џо Кокер (едвај) ја изведува песната на Вудсток. Од тогаш сите ја паметат како песна на Кокер, комплетно заборавајќи ги Битлси.
5. Nirvana - 'The Man Who Sold The World' (оригинал - Дејвид Боуви)
Се додека Нирвана не го снимаше својот MTV Unplugged во 1993-та, песната ја знаеја само како еден од првите хитови на Дејвид Боуви. Откако Кобејн се самоуби, песната стана негова. Кога во 1995-та, Боуви почна да ја пее песната на турнејата со Nine Inch Nails, голем број од младите фанови мислеа дека човекот и оддава почит на Нирвана.
6. The Beatles - 'Twist and Shout' (оригинал - Isley Brothers)
Песната на Битлси - Twist and Shout, всушност е обработка на Џон Ленон на песната од Isley Brothers.
7. The White Stripes - 'Jolene' (оригинал - Доли Партон)
Песната е инспирирана од вистинска приказна, во која очајна жена моли една поубава жена да не и го краде мажот.
8. Nirvana - 'Where Did You Sleep Last Night' (оригинал - народна песна)
Ова е всушност народна песна од 19-от век, која ја прослави фолк пејачот Лед Бели. Нирвана прв пат снимаше демо верзија на песнава во 1990-та.
9. Guns N' Roses - 'Knockin' On Heaven's Door' (оригинал - Боб Дилан)
Ова е песната што го врати Боб Дилан, откако беше отпишан како "изветвен пејач од 60-те." Песната е препеана и од Клептон, U2, Грејтфул Дед, ама Ганси се тие што ја промовираа песната пред комплетно нова генерација.
10. Muse - 'Feeling Good' (оригинал - мјузикл на Бродвеј)
Напишана за Бродвеј мјузиклот од 1965-та "The Roar of the Greasepaint - The Smell of the Crowd," песната ја преработуваат Нина Симон, Френк Синатра, Џорџ Мајкл. Оваа верзија е на Muse.