Рамбо Амадеус: Платиш едно, добиеш две (пута три)

Мотиви и инспирација за пишување на овој текст најдов во поплавата на дезинформации кои доминираат со интернетот и социјалните мрежи, претворајќи ја свеста на луѓето во депонија на идиотарии.

Надрилекари, пророци, гатачи, стручњаци за нумерологија и астрологија, како најбудалести примери, всушност се најзгодни овој феномен да се пародира и критикува, па во таа цел се маскирав во просечен пророк, надрилекар, бел маг, како и веќе самите да се нарекуваат тие гротескни преваранти кои перфидно ја злоупотребуваат човековата наивна природа со нивните „мамбо џамбо“ фазони. 

Бројот на луѓето кои мислат дека Земјата е рамна плоча драстично порасна со појавата на социјални мрежи кои им овозможија ама баш на сите да пишуваат, разглабаат, јавно да ја толкуваат стварноста и поставуваат нови теории на завери. 5Г е новиот непријател ама паралелно со тоа никој посебно не се возбудува од загадувањето на земјата со хемија, пластика, од глобалното затоплување. 

Изгледа дека добар дел од популацијата комплетно го има изгубено компасот и разумот - не знаејќи веќе кому да му веруваат, скромното знаење и лизгавата логика само им помагаат во тоа пролизгување.

Немам обичај да критикувам во празно, без предложено решение: секогаш кога на социјална мрежа ќе прочитате некоја вест, прво погледнете од каде е пренесена. Брзо ќе ви стане јасно кои се изворите од доверба, бидејќи се во малцинство. 

Уживајте во слушањето и гледањето.

Рамбо Амадеус

 

28 мај 2020 - 11:15