Што ли тајфа држи в рака под фирма „Европа“
кормило 'ил стапот свој, демократски прашувам,
Кју Клукс Клан за старт на векот, наци програм - ЛУДИЛО!
И чизма и пизма врз човек, врз народ, ашколсун Обединета.
А над Водно сонце, високо кренато, спушта раце да нè прегрне,
денов е посебен, денов е добитен, сонце зар ме лажеш?
О да, о не, ние знаеме за подобро.
„Better“, бетер.
A над Водно сонце, високо кренато, спушта раце да нè прегрне,
денов е посебен, денов е добитен, сонце зар ме лажеш?
Глава горе, глава горе...
Другарки и другари, дами и господа, по долго размислување и со вистина разминување, си велам: светот не e наш но ние сме негови, слепо го следам, и длабоко го сфаќам, глава горе!
Франкфурт, Париз, Лондон Њујорк, додади и Токио, Хонг Конг, Кина, Кинг Конг Кина, Шангај, Лондон,
Пинокио е Пинокио, Пинокио, Пинокио, Пинокио...