"Ѕидови на добрината" e името на спонтаната хумана иницијатива која брзо се рашири во Иран во која луѓе оставаат облека за оние кои таква им треба за да ја преживеат студената иранска зима.
Започнала во северно-источниот град Машхад каде некој обоил ѕид, ставил закачалки, неколку парчиња топла облека и едноставна порака: "Ако не ви треба, не земајте, ако ви треба, носете".
Иницијаторот осакал да остане анонимен но идејата бргу била прифатена од ентузијасти и добри луѓе од други градови во земјата.
Појавувањето и масовноста на ваквите иницијативи секогаш говори и за неуспехот на државниот систем да се грижи за своите граѓани. Иако одамна им е ветена подобра иднина, на Иранците таа никако да им дојде. Земјата сè уште е во тешка рецесија предизвикана од неефикасниот систем како и од бруталните меѓународни санкции издејствувани од САД.
По некои проценки, само во главниот град на Иран има 15.000 бедомници.