Триглав со ново работно време

Согласно Одлуката за изменување на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена на 36-тата седница на Владата на Република Северна Македонија за забраната за движење на населението на територијата на целата држава, Ве известуваме дека сите деловни простории на Триглав Осигурување АД, Скопје, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје почнувајќи од датум 08.04.2020 година ќе работат со времено изменето работно време секој работен ден од 09 часот до 13 часот.

Во насока на превенција и заштита, советуваме посети на нашите локации единствено доколку бараната услуга е навистина неодложна.

За сите Ваши потреби можете да ги контактирате нашите вработени на телефонските броеви и електронските адреси објавени на веб-страниците www.triglav.mk, www.triglavzivot.mk , www.triglavpenzisko.mk

Сите услуги и производи на Триглав се целосно достапни, а вработените навремено ќе ги контактираат клиентите во врска со обновување на веќе склучените полиси. Сервисите, кои Триглав ги има за online обнова на полиси се целосно овозможени преку интернет страницата на Триглав Осигурување, www.triglav.mk.

Ви благодариме и воедно се надеваме на разбирање и почитување на наведените вонредни мерки.

(Комерцијален текст)

8 април 2020 - 11:56