По изданието “ИГРАЈ!“, кое излезе под етикетата на Авалон за Македонија и кој издавачката куќа Далас го издаде за Србија и Хрватска, Темпера со песната „Тивка река“ го најавува новиот албум кој би требало да се појави во првата половина на 2016 година.
„Тивка река“ е песна за љубовта и потрагата по чувството на припадност, исполнетост и топлина која реализираната и возвратена љубов ја носи.
Песната е авторско дело на Темпера. Текстот е на Тања Тас. „Тивка река“ е снимена и продуцирана од Мите Димовски во студиото „Тра ла ла“ во Скопје.
За оваа песна е направен и видео запис чиј концепт и режија е на режисерот Игор Иванов-Изи. Изработен е од продуцентската куќа ОХО. Песната е во продукција на групата Темпера.
ТЕМПЕРА се -
Тања Тас - вокал
Драган Гиновски-Гино - гитара
Мите Димовски - тапани
Џоле Максимовски - бас гитара
Нивниот прв албум „ИГРАЈ!“ беше издаден 2014 година.