Во пресрет на четвртфиналниот дуел против САД, репрезентативките на Кина како мотивација ја добија најголемата парична награда во историјата на женскиот фудбал.
Иако завршија речиси сите фудбалски првенства ширум светот, во тековниот месец нè очекуваат настани кои би можеле да нè задржат уште некое време пред телевизија.
Во дербито на англискиот женски фудбал меѓу Нотс Каунти и Арсенал, домаќинките поведоа после потегот кој сигурно е воигруван на тренинг. Елен Вајт даде гол за 1-0, па две минути подоцна промаши пенал за повисоко водство. Тоа го казни Арсенал и Киома Убогагу израмни на 1-1.
Кај мажите сме навикнати да гледаме гужви во 16 метри, но не и кај жените. Во тоа нè демантираа Фреда Ајиси од Бирмингем и голманката на Сити, Карен Бардсли. Епилогот е црвен картон за црномурестата Ајиси, која играше и за Арсенал.
Англичаните им забранија да го играат 50 години со образложение дека бил несоодветен за нив. Гема Феј, член на Селтик и капитен на Шкотска стана првата фудбалерка која поради тепачка доби црвен картон. Таа со топка успеа да му скрши рака на машки голман.
Три Французинки направија махерска акција од учебниците која не сме ја виделе претходно кај други фудбалерки. Мечот е дел од Светското фудбалско првенство за играчи до 20 години против Костарика, а мајсторијата е дело на Клер Лавож.
Организацијата за Светското првенство за жени кое следната година ќе се игра во Канада ги налути фудбалерките кои испратија петиција до светската куќа на фудбалот.
Пред некое време пројавивме желба да слушнеме малку „поживи" коментатори во македонскиот етер и желбата ни се исполни. Како што пишува и во коментарот на Јутјуб од снимката на кочанската ТВК од финалето на Купот на Македонија за жени помеѓу Иднина С од Оризари и Единство од Скопје, „коментатори имаме, фудбал сме тапа".
Аеирис Хулан има женски хормони, но и пасош и возачка дозвола каде се води како жена, но фудбалската асоцијација на Англија чека од поранешниот фудбалер да направи целосна операција за менување на полот за да и се приклучи на екипата.
Сиромаштијата во афричките земји не познава граници, а од неа страдаат и фудбалерките кои земаат по 150 евра месечно, немаат основни услови за живот, играат со празен стомак, а од нив се очекува да имаат врвни резултати.
До сега невиден пример на фер-плеј потег во фудбалот. Челниците на женскиот фудбалски клуб Лион им понудија на нивните колеги од Монпеље преигрување на полуфиналниот дуел од купот кој тие го добија затоа што судијката го уништи натпреварот.