Таг: сп русија 2018

Прогнозата на Беневенто Балкан Фанс за Хрватска

Оваа Фејсбук група да не постоеше ќе требаше да ја измислиме. Таман ќе се зачиташ за да им ја сконташ поентата на некој статус и ќе те натераат за стомак да се држиш од смеење. Па најјаки се.

Порака од англиска клиника пред полуфиналето со Хрватска

Најголемата клиника во Британија, Barts Health NHS Trust од Лондон вели дека не сака да им се случат настаните од четвртфиналето со Шведска.

Во Германија Светското го коментира жена и не ја сакаат баш многу

Клаудија е единствената жена во друштво на машки колеги на Мундијалот во Русија. Мажите тешко можат да се привикнат на тоа оазата да им ја нарушува „некој кој помалку знае за фудбал од нив“, но Нојман добила поддршка.

Париз ликуваше за Франција во финале

Репрезентацијата на Франија ги победи Белгијците со 1:0 и се пласираше во финале на Светско првенство, првпат после 2006 година. Пред две години играа во финале на Европско но изгубија.

Трето мундијалско финале за Франција

Го носеше епитетот финале пред финалето, на терен имаше плејада на ѕвезди кои играат во врвни клубови, а на крај падна само еден гол и тоа од страна на дефанзивец. Самуел Умтити од Барселона им ги сруши соништата на Белгијците кои не стигнаа до своето прво финале во историјата. Имаа јалова иницијатива без шанси, а Куртоа ги спаси од поголем пораз

За малку ќе станел наставник по физичко, викале мал е за фудбал, а сега игра полуфинале

Дека упорноста секогаш се исплати се уверуваме преку фудбалскиот пат на Дрис Мертенс, 169-сантиметри ’високиот’ белгиски крилен напаѓач кој е дефиниција за „лажна деветка“.

Не позира и не игра за аплуаз - идеалниот фудбалер Н’Голо Канте

Кога сите едвај чекаат судијата да го стави свирчето во уста и три пати да дувне за да означи крај, малиот борец Канте неуморно ора по теренот без разлика на резултатот. Ќе стане ли најдобар игач на Светското и може ли на Франција да ѝ донесе титула светски шампион?

Трето комшиско дерби меѓу Белгија и Франција во завршница на Светско

Репрезентациите на Франција и Белгија два пати се сретнале во рамки на Мундијалите и вечерва ќе се обидат да го направат последниот чекор пред големото финале.

Од фудбалска ѕвезда вредна 220 милиони стана потсмев за цел свет

Наместо да биде пример за младите, а го гледаа милиони деца на Мундијалот и да се наметне како лидер во една господска и ценета репрезентација како Бразил, тој се доведе во ситуација и кучиња да го имитираат.

Шутираше пенали полошо од кучето на мајка му, а сега е херој

Кога репрезентацијата ќе ти ја шутнат од Светско, останува да копаш интересни ствари за играчите кои ти играат во првенството. Шпанските медиуми се навратија на една анегдота со Иван Ракитиќ.

Уругвај имаше сосема поинаков пречек од Бразил

И двете селекции стигнаа од четвртфинале, ама Бразилците изедоа камења во автобусот, а Уругвајците беа пречекани со бурно со блицеви. Посебни скандирања имаше за голманот Муслера на кого пред мечот со Франција му кажаа дека чичко му загинал во сообраќајка, а потоа починала и баба му.

Едниот Хрват избркан од репрезентација поради скандалот

Хрватскиот фудбалски сојуз (HNS) соопшти дека помошникот тренер - скаут во репрезентацијата, Огњен Вукојевиќ е сменет по објавеното видео на кое тој и репрезентативецот Домагој Вида ја величаат Украина по триумфот над Русија.

Што ви се криви па коментаторите на МТВ?

Во цело ова едно месечно светско фудбалско уживање полно со емоции и неизвесности, мора да се најдат и по неколку црепови кои од недозреаност и неукост и од што не знаат како да се изглупираат, им се обраќаат директно на коментаторите на МТВ на мизерен начин.

Француско фудбалско фото на летото

Еднаш губиш и паѓаш, друг пат добиваш и славиш. Колку фудбалот е променлив покажува фотографијата на која ги гледаме Гризман и голманот Лори на Европското 2016 и на Светското 2018.

Кога Азар со браќата навивал за Франција

Една фотографија од еден летен одмор во детството на најдобриот фудбалер на Белгија, го покажува него и неговите браќа кои станаа исто фудбалери, со дресови од следниот противник на Светското првенство.

Пиво за цел град од Манџукиќ

Хрватите ги живеат најубавите и најемотивните фудбалски моменти во последниве 20 години, а овој прогрес до полуфинале е истовремено поголем трошок за навивачите кои на секоја средба треба да се разладат ако не сакаат да колабираат после толку пенали. Марио и на тоа мисли.

Бар на приземје ли живее?

Го имаме навивачот за кој не само што не важи она „полека ќе ги разбудиш децата“, туку и не важи славење во полуфинале само со скокање и пиење. Веројатно он е следен ако освојат Светско.

Пенал завршницата на Хрватска со коментар на Драго Ќосиќ

Ако кај нас најгласно и најемотивно во пренос блескаше Калински, во Хрватска тоа е Драго Ќосиќ. Гушнете се, веселете се, бакнете се, скокајте, пеете, плачете, Хрватска е меѓу најдобрите четири селекции во светот, урлаше легендарниот коментатор по пеналот на Ракитиќ.

Англичани ги сретнале руските хулигани од Марсеј и се частеле пиво

Неколку недели по почетокот на Светското првенство во Русија, многу луѓе се увериле дека во натписите на британските и американските медиуми за повторување на насилните сцени од страна на руските хулигани нема никаква вистина.

Чекај да видиш еден англиски паб после голот на Деле Али за 2-0

Во BoxparkCroydon паб во Лондон настана права лудница кога момците на Саутгејт зголемија на 2-0 против Шведска.

Хрватска гореше

Повторувањето на историскиот успех на СП од пред 20 години Хрватите го слават како никој. Нема град и плоштад на кој нема бакљада. Земјата е во вистински транс и што ли може да приредат повеќе од ова доколку момчињата на Далиќ направат чекор повеќе во Русија.

Рускиот селектор бил смешен голман на времето

Бранел на времето за Спартак и Ломотив Москва како и за Динамо Дрезден и австрискиот Тирол. Пред да стане селектор на Русија беше тренер на Спартак Москва и на полска Легија Варшава. А како бранел подобро и да не бранел.

Далиќ го сними славјето на Хрватите во хотел

Хрватска не спиеше синоќа, ама не се спиеше ниту во хотелот на Сочи каде беше сместена хрватската репрезентација. Селекторот ни ја пренесува атмосферата каде фудбалерите испентарени на столи и маси го слават полуфиналето.