Таг: серхио рамос

Семедо го прати Рамос по хот дог

Нелсон Семедо и Серхио Рамос во битка за една топка на синоќешното Ел Класико. Во еден момент стоперот на Реал излегува целосно од кадар. Да не беше повторената снимка од друга камера, немаше да дознаеме каде заврши човекот.

Сензационален податок за човекот кој влегува со агресија во секој дуел

Серхио Рамос е поим за тешка дефанзивна карпа која не се поместува, но истовремено и за лакташ кој бесрамно ги удира противниците. 2018-та ќе ја памети по еден неверојатен статистички податок во кој му помогнаа и судиите.

Нова глупост на Серхио Рамос, страшно раскрвари противнички играч

И во ситуација кога сакаш да бидеш неутрален и да не носиш проценки и суд, не можеш да не кажеш дека Серхио Рамос на моменти не е најголемо говедо во европскиот фудбал.

Рамос е малку нервозен

На еден од последните тренинзи на Реал Мадрид, Рамос го искалил бесот врз младиот фудбалер Серхио Регулон кој тренира со првиот тим. Нервозата во Реал е очигледна затоа што екипата не знае што е победа веќе со недели а за да дадат гол треба да играат со кадетите на тренинг.

Како мечот со Македонија му помогнал на Рамос да ја усоврши Паненката

По криминално изведениот пенал против Баерн Минхен во полуфиналето на Лига на шампиони кога во целиот свет го тролаа, Серхио Рамос не спиел цела ноќ и решил да смисли нова тактика со која ќе ги фрла голманите на земја.

Ни Рамос не го познава доволно добро Роналдо

Девет години играат заедно во Реал Мадрид и што се вика знаат како дишат меѓу себе, ама тоа не е никаква гаранција дека може да си одмогнат кога ќе се сретнат во репрезентативен дрес. Тешко можеш да му најдеш слабост на Кристијано, особено не од пенал. Рамос му покажа на Де Хеа каде да се фрли, а овој го послуша и се заеба.

Најснажниот фудбалер во Англија му прати видео порака на Рамос

Адебајо Акинфенва игра за Викомб Вондерерс во Лига 2 (четврта лига по ред). Висок е 1,80 и тежи 103 килограми. Важи за најјак фудбалер во Англија, а на Твитер му прати видео порака на Серхио Рамос.

Рамос му го спушти на Ибра

И 10 дена по финалето од Лига на шампиони, некој уште има што да каже на тема фаулот на Рамос врз Салах. Можеби Златан нема да си го добие по рамо, ама затоа...

Рамос може против сите, само против еден не може

Фудбалскиот свет сè уште зборува за зафатот на Рамос кога настрада Салах, а некој се сетил и дека од јакиот има и појак.

И Европската џудо унија се огласи за фаулот на Рамос над Салах

Петицијата за да се казни стоперот на Реал не е единствениот начин на кој се крена галама за тој контроверзен фаул во финалето на ЛШ. Зафатот на Рамос не бил дозволен ниту во џудо.

Статус на денот за Серхио Рамос

На неофицијална фан страна на Јирген Клоп налетуваме на статус потпишан од фанови на Салах, на кој се лепат преку 170.000 лајкови, 113.000 шерови и 18.000 коментари.

Колку пехари паднаа и беа искршени за време на прослава на титула

Фудбалерите толку многу се занесуваат во шампионското славје што во целиот метеж и „шутка“, не пазат што прават со златниот предмет поради кои слават. Им паѓа од раце, го кршат, го виткаат...

Каков мангупски потег на Иниеста по Ел Класико

И два дена по најпопуларното дерби во светот, има што да се издвои и истакне кога во прашање се фудбалски великани како Андрес Иниеста. Дресот од неговото последно Ел Класико му го даде на својот клупски ривал и репрезентативен колега со години, Серхио Рамос. По толку нервози и напнатост на терен од рацете на капитенот во рацете на другиот капитен кој сподели на Твитер. Епа браво момци.

Серхио Рамос во улога на водач на навивачите

Столбот на одбраната на Реал Мадрид без кој не можат Кралевите во Киев ќе оди на трета европска титула со Реал и вкупно 19-та. По елиминацијата на Баерн, навивачите имаа привилегија од близу да му ги видат способностите како ултрас. Не е лош.

Глупоста на Рамос поради која можеби ќе пропушти и полуфинале

Како што соопшти Cadena COPE, делегатот на УЕФА во својот записник после мечот запишал дека Серхио Рамос и покрај суспензијата, се појавил во подтрибинскиот простор.

Агресијата на Рамос изразена во картони

Велат некој треба да ја прави и валканата работа, а во Реал тоа е Серхио Рамос, новиот рекордер по број на добиени картони во историјата на фудбалот.

Уметноста на играњето одбрана на Рамос

За шест дена ќе наполни 32 години, а ако го држи телото како мозокот тогаш ќе цепа како Малдини до 40. Сè што ќе одигра Серхио Рамос во одбрана му е промислено. Цврст е како карпа, има одлична антиципација и предвреме ги предвидува акциите на противникот. Компилација за почит само од дуелот против ПСЖ.

Како Серхио Рамос отиде во тоалет среде меч

Како и на многу средби сезонава во Ла Лига, така и против Еибар, Реал се намачи да стигне до трите бода, a и покрај двата гола на Кристијано Роналдо, моментот на мечот го имаше капитенот Рамос.

Серхио Рамос си дојде лабаво на тренинг со Фиќо

Човек со годишна плата од 10 милиони евра се качи во Фиќо замислете. И тоа не било кој, туку еден од најплатените дефанзивци во светот, ако не и најплатен. И што е најважно, убаво му е.

Резултат на немоќ кога те газат Деле Али и Кејн

Рамос во дуел со Муса Дембеле: еден удар, втор, па трет. Некои судии во вакви ситуации не се мислат многу околу бојата на картонот.

Кармата на Серхио Рамос

Никогаш немој да го правиш на другите тоа што не сакаш да ти го прават тебе.

Рамос се претвори во Гордана Нацева, камо пенал?

По само 14 минути игра на дербито на вечерта меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид требаше да има удар од 11 метри, бидејќи Серхио Рамос на пола метро од гол линија играше со рака. Европскиот првак славеше 1:3, ама со евентуално водство на Борусија, натпреварот ќе фатеше друг тек и кој знае како ќе завршеше. Судии? ВАР? Каде е проблемот? 

Тајната на головите на Рамос со глава

Ни самиот веќе не знае колку пати го спасил Реал Мадрид од пораз во финишот или колку пати му донел победа кога судијата веќе зема воздух три пати да свирне за крај. Што е финтата?

Шпанија ги однесе бодовите од Скопје

Во шестото квалификациско коло за Мундијалот следната година, македонската фудбалска репрезентација загуби од Шпанија 1-2 (0-2). Голот на Стефан Ристовски ќе конкурира за најубав гол во квалификациите.