Сензационален податок за човекот кој влегува со агресија во секој дуел

Серхио Рамос е поим за тешка дефанзивна карпа која не се поместува, но истовремено и за лакташ кој бесрамно ги удира противниците. 2018-та ќе ја памети по еден неверојатен статистички податок во кој му помогнаа и судиите.

Среќна нова Серхио и да ти се повтори изминатава годинава. Така некако треба да гласи спрдњата која мора да ја содржи секоја новогодишна честита која ќе стигне на негова адреса. Зошто?

За прв пат во својата 16 годишна кариера, столбот на Реал Мадрид издржа во цела една календарска година да НЕ добие црвен картон. Ете до таму била отидена работата.

Никој не ги спори неговите врвни квалитети изразени во физичка сила, моќ во скоковите, антиципација во дуелите, па и харизмата која ја носи со себе, ама ама има еден дечко кој се вика Хавиер Занети.

Епа Рамос издржа само во 2018-та да не добие црвен, а Занети кој играше до 40 години првото исклучување го доби некаде пред да се пензионира.

Човекот со 4 титули во Лига на шампиони и 4 во Ла Лига, кој често знае да биде груб, неточен и некоректен во дуелите е рекордер по бројот на жолти картони во најелитното клупско европско натпреварување, а да не зборуваме за црвените.

Има вкупно 25 црвени во кариерата од кои 19 во првенство, 3 во Лига на шампионите и уште 3 во Копа дел Реј.

Инаку лажги со опашки е тоа дека беше умен во 2018-та, туку судиите се тие кои имаа лоша проценка, барем во два наврати.

Во финалето од ЛШ против Ливерпул му го исчаши рамото на Салах и никому ништо.

А неодамна во Лига му го суреди носот на еден противник и мина повторно без казна.

И уште нешто од крајот на 2017-та.

2 јануари 2019 - 12:03