Себастијан Фетел си обезбеди место во одбраното друштво на Фанџо, Прост и Шумахер, возачите кои имаат освоено четири титули во Формула 1 шампионат. Германецот триумфираше во Индија и ја обезбеди титулата во Формула 1 уште на три трки до крајот на сезоната.
Формула 1 шампионатот веќе стана многу здодевен. На 15-та трка оваа сезона на патеката Сузука во Јапонија, актуелниот шампион Себастијан Фетел ја извојува 9-та победа.
Актуелниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел триумфираше и на патеката во Јеонгам и на пет трки до крајот го зголеми водството пред Алонсо на 77 поени.
Актуелниот првак во Формула 1 шампионатот, Германецот Себастијан Фетел триумфираше на трката за Големата на награда на Италија во Монца и ја зголеми предноста во генералниот пласман.
Формула 1 шампионот Себастијан Фетел минатата недела за прв пат ја освои Гран при трката во Германија, а овој викенд тој повторно возеше трка во својата земја но во малку поинаков болид.
Возачот на Ред Бул, Себастијан Фетел успеа да и донесе радост на својата земја на Големата наградата на Германија во деветтата трка на Формула 1 оваа сезона.
Актуелниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел ја освои третата трка оваа сезона триумфирајќи за прв пат на патеката „Жил Вилнев" за Големата награда на Канада.
Актуелниот светски шампион, Германецот Себастијан Фетел беше најбрз на денешната трка од Формула 1 шампионатот во Бахреин. Веднаш, исто како и минатата година, зад него се пласираа Раиконен и Грожан.
Себастијан Фетел ја игнорираше наредбата и го претекна својот тимски колега со што стигна до првиот триумф во новата сезона, а ова е реакцијата на Марк Вебер по претекнувањето на 10 круга до крајот на трката во Малезија.
Актуелниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел триумфираше на трката во Малезија, а зад него се пласираше неговиот тимски колега Марк Вебер. На третото место финишираше Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес.
Со трката во Австралија овој викенд започнува 64-та сезона во Формула 1 шампионатот. Исто како и изминатите 3 години, и оваа сезона главен фаворит за титулата е Германецот од Ред Бул, Себастијан Фетел.
Шампионот во Формула 1, Себастијан Фетел е прогласен за најдобар спортист на Европа за 2012-та година во традиционалниот избор на 25 новински агенции од Европа.
Себастијан Фетел се запиша во историјата на Формула 1 како најмлад трикратен шампион. БиБиСи направи ретроспектива на неговата сезона со ова одлично видео.
Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо ја водеа битката за титулата во Формула 1 шампионатот, но Германецот по последните 71 круг на трката во Бразил заврши на шестата позиција што беше доволно за освојување на третата титула во серија.