Втората вечер од Лигата на шампионите на девет меча донесе дури 28 голови. Немаше погодоци само на тврдиот меч во Торино, а Дортмунд славеше против Легија во Полска со 0:6. Порто се посрамоти против Копенхаген со играч повеќе.
Во моментот кога едни навивачи гризат прсти и се молат противникот да не пласира во агол од слободен удар, другите веруваат во еврогол преку или под живиот ѕид кој понекогаш е составен од најголемите фудбалски ѕвезди.
Не мора секогаш Реал Мадрид да извади 50, 80 или 100 милиони евра за класа играч. Таков може да има и за 5 милиони евра, купен летово од Парагвај кој во моментов е дел од У20. Со голот на тинејџерот, 11 кратниот Европски првак се пофали на официјалниот профил на Инстаграм.
Малку е познато дека мајката на Кристијано сакала да абортира со него, но лекарот одбил да го стори тоа и на 5. февруари ’85-та се родил Кристијано Роналдо кој уште на 16 години заработувал и го издржувал семејството.
Вечерва во Нион се извлече ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите. Во групната фаза ќе гледаме неколку мега дерби средби како тоа меѓу Атлетико - Баерн и Реал - Дормтунд.
Не пишуваме само за Барса и Реал. Нас нè интересира каков фудбал ќе игра Гранада со Пако Хемес, нè интересира како ќе изгледа хипстерскиот состав на Лас Палмас со Боатенг и Ливаја, што ќе направи Сампаоли со Севиља и што ќе биде со Нани во Валенсија?
Некогашниот десен бек на бразилската фудбалска репрезентација и член на Рома и Реал Мадрид (со Бекам, Зидан), Сисињо неодамна призна дека долго време се борел со зависноста од алкохол. Додека бил во Рим пиел и до 18 коктели, а неретко и на тренинг одел поднапиен. Сметката му стигнала и сега продава книги во Рио де Жанеиро.
Дани Карвахал е човекот кој не дозволи да има пенали во финалето на Супер Купот, кој трет пат оди во рацете на Реал Мадрид. Претходно специјалистот за голови во финале, Серхио Рамос го спаси тимот од пораз во 93 минута. Тимот на Зидан беше без Роналдо, Бејл, Пепе и Крос.
Единствениот тренер на светот кој го освои фудбалскиот Гренд Слем. Речиси сите прослави ги помина со својот син Алваро кој има Даунов синдром. Важеше за тренер кој скроти карактери како Зидан, Бекам, Фиго, Диего Коста, Пике.
Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Баерн, Борусија, ПСЖ, Јувентус, Јунајтед, Сити и Челси од отворањето на преодниот рок летово, досега потрошиле 245,95 милиони евра за фудбалери.
Пред 100.000 гледачи на Маракана во Белград се играл реваншот на Купот на Куп победниците меѓу Црвена звезда и Реал Мадрид. Мечот го одбележил витешкиот дуел меѓу Џајиќ и Камачо кој минува со навивачко „оле" од трибините.
И едниот и другиот со своите бесконечни голови, асистенции и трофеи одамна ги победија сите противници и станаа вечни, но сè повеќе и повеќе се чини дека еден од друг никогаш нема да побегнат.
Во еден од поинтересните дуели на ЕП, Англија го совлада Велс 2:1, а мечот го одбележи голот на Бејл од слободен удар со што стана првиот играч од 1992. година кој дал два гола од слободен на едно Европско.
Меси, Роналдо, Гризман и другите најголеми ѕвезди во шпанскиот фудбал сезонава ќе играат на нови терени кај промовираните прволигаши Легањес, Алавес и Осасуна. Од Ла Лига испаднаа Леванте, Гетафе и Рајо Ваљекано.
Еден час пред мечот Шпанија - Турција, најгласни околу и на стадионот биле само турските навивачи. Во 48-та минута од мечот грмеа само Шпанците, благодарение на нивниот нов суперхерој.
Неговиот пргав карактер бил видлив уште во младоста. За првиот гол во Кан добил ново Рено од претседателот, а најмногу се радувал кога одел во алжирските села каде што растел со браќата и сестра му.
Падобранецот без карта во финале на ЛШ беше прва епизода од тоа што го гледавте и читавте зад сцената на Сан Сиро. Сега ги имаме Пио е Амедео, двајца откачени и познати комичари кои роварат и снимаат низ цел стадион. Начекаа дузина познати фаци како Малдини, Барези, Бобан, Фиго, па дури и Ричард Гир и со сите ја тераат на мајтап. И да не знаете италијански вреди да го изгледате до крај, цареви се. Обезбедувањето ги брка, нив мува не ги лази.
За најснаодливиот гледач на финалето од Лигата на шампиони има уште за раскажување. Освен што успеал да влезе без карта, јадел суши, пиел шампањ и создавал ред меѓу навивачите, а некои мислеле дека е шеф на обезбедувањето на Реал Мадрид. Се шверцал и на Емирати.
Дека финале од Лига на шампиони по дифолт значи беспрекорна организација ќе ве побие со факти еден дечко од Италија, кој без да измисли топла вода успеа да влезе гага и тоа го направи релативно лесно и елегантно без помош од никого.
Пепе плаче, Роналдо им покажува дека добро го извеле, Иско нема нерви па игра ламбада, Флорентино Перез издишува како да се породува. Пеналите од еден друг, подраматичен агол снимено од шпанските медиуми.