Ниту едно име не е залутано на листава. Сите беа дел од кремот, но годините ги стасаа па копачките почнаа да ги закачуваат на клинец. Абидал го победи ракот, Занети и Гигс трчаа до 40, а Ривалдо им водеше инает на годините и се повлече на 41.
12-годишно девојче на кое минатиот јануари ѝ била дијагностицирана леукемија сакала на главата да добие потпис од фудбалерите на Манчестер Јунајтед, кои ѝ дошле во посета. Храбрата Шарлот не пропуштала натпревари на Олд Трафорд до јануари годинава, кога ѝ ја откриле болеста.
Легендата на Манчестер Јунајтед кој почна да игра фудбал во минатиот милениум никако да се донаигра. Тој има повеќе стаж и од Премиер лигата која го носи овој назив од 1992 година. За време на неговата долга кариера во некои фамилии фудбалот почна да оди на колено на колено.
Великанот на Манчестер Јунајтед кој пред неколку дена ја заокружи 40-та и нема абер да оди во пензија сосема заслужено го величиме. Но овој навивач не сака само да го гледа како игра и да чита за неговите рекорди, туку решил да го носи на грб цел живот.
Рајан Гигс влегува во петтата деценија од животот, но не само што не најавува пензија, туку игра како во најдобрите денови и оваа недела истрча 11 километри против Баер Леверкузен кога го предводеше неговиот тим до пласман во следната фаза на Лигата на шампиони.
Шестмината „Црвени Ѓаволи" кои беа дел од Јунајтед во деведесетите години станаа инспирација за документарен филм кој ќе се прикажува во Велика Британија од наредниот месец.
Легендата на Манчестер Јунајтед се запиша и во историјата на Лигата на шампиони. Рајан Гигс го сруши рекордот по бројот на настапи во најелитното европско клупско натпреварување.
Легендата на Манчестер Јунајтед продолжува да восхитува и на 38 години. Тој ќе биде сопственик на четири рекорди во изданието за 2013-та година на Гинисовата книга на светски рекорди.
Како мала утеха за загубената титула која им отиде во рацете на најголемите ривали, Рајан Гигс и Алекс Фергусон ги добија наградите за најдобар фудбалер и најдобар менаџер од основањето на Премиер лигата.
Не одеше се како подмачкано за Јунајтед на гостувањето кај Блекбурн. За двата гола се чекаше до последните 10 минути, а Руни и Гигс предизвикаа смеа кај гледачите со неуспешниот обид за иведување на слободен удар.
Алекс Фергусон тврди дека Рајан Гигс е најдобриот британски фудбалер на сите времиња, а тој уште еднаш го потврди својот статус на легенда на Манчестер Јунајтед со победнички гол во неговиот јубилеен 900. настап.