Светската криза ги заобиколи Арапите. Катарците кои минатата година го купија ПСЖ не штедат пари за да привлечат големи фудбалски имиња, па така само за платите на стартниот состав ќе трошат по 58 милиони евра годишно.
Како воопшто челниците на Милан помислија да ги продадат Златан Ибрахимовиќ и Тиаго Силва во ПСЖ? Милан на терен ќе загуби многу повеќе од она што ќе го добие во банка. Ретко кој пар фудбалери има толкаво влијание во било кој клуб во Европа.
Богатите катарски сопственици на францускиот клуб ПСЖ во следните пет години ќе го размрдаат трансфер пазарот со инвестирање на 500 милиони евра за нови засилувања.