Таг: порто

Крушка под Консеисао паѓа

Некогашниот фудбалер на Лацио, Парма, Интер, Порто, а од 2017-та година тренер на овој португалски гигант, во претходните пар сезони беше рекордер меѓу тренерите во Европа по број на црвени картони. Го исклучуваа секое трето коло.

Ја спукаа Порто и Рома, Пепе нема осет и на пријателски

И на натпревар без никаква резултатска важност, туку само за темпирање форма пред стартот на сезоната во август, португалскиот ветеран се однесува дрско и безобразно на терен. Му влезе на Михтарјан како идиот и го расипа приматот на пријателски натпревар.

Шоу на Митревски и тоа фудбалско

Нов блесок на голманот на Македонија во португалскиот шампионат и тоа во големото дерби Порто - Спортинг. Домаќините славеа 33:30 благодарение најмногу на јуначките интервенции на Никола, особено во клучните моменти на 30:30.

Пирови победи на Баерн и Порто, Челси и ПСЖ се полуфиналисти

Во спектакуларен реванш кој донесе еден куп шанси, стативи, пречки, прилики пред двата гола, Баерн Минхен оствари пирова победа од 0-1 во Париз и само поради повеќе примени голови дома испаѓа во 1/4 финале. Чудесни ножички на Тареми од Порто.

На снег во Минхен, Мбапе сервираше студена одмазда, Челси издоминира

228 дена откако во финале на ЛШ во август лани во Лисабон Баерн го совлада ПСЖ, вечерва во Минхен во првиот дуел од 1/4 финале Парижаните остварија триумф пред реваншот. Порто и Челси играа во Севиља поради ригорозните мери во Португалија.

Не е пирова победа, туку?

Знаат да погодат штос дечкиве од Спортлајф нема збор, секогаш актуелни на темата.

На Марко изгледа идол му е Бускетс

Голем е влогот во Лига на шампиони и плус не е мала работа да го елиминираш Јувентус со Кристијано Роналдо, па одиш со сите средства без разлика на големиот ремет кој ти следува. Марко Грујиќ во финишот играше жмурки во стилот на Бускетс. Коментаторот прсна од смеење.

Ариведерчи Јуве со мајсторски слободен удар на Оливеира во 115-та минута

Трилер четвртфиналето во Торино заврши по 120 минути фудбал со елиминација на Јувентус и покрај триумфот од 3:2. Порто водеше на полувреме, Киеза со два гола го сврте мечот и со 2:1 го однесе Јуве во продолженија. Драмата продолжи во финишот во кој паднаа два гола.

Киксерска ноќ за Јуве и пораз од Порто, Борусија ја освои Севиља

За 60 секунди во прво и 18 во второ полувреме, Порто го совлада неподготвениот Јувентус кој со гол во 82-ра минута извади поволен пораз од 2:1 на гости. Севиља ќе има потешка задача, затоа што на реваншот ќе патува со пораз од 2:3 на домашен терен.

Дечки, да бутнеме малку да запали, а?

Дуелите меѓу Порто и Брага во Португалија во последниве години се фантастични и изболивуаат со сè и сешто. Синоќа играа прв меч од полуфинале на Купот и дуелот заврши 1:1 откако домаќинот израмни во 90+12' минута од судиското продолжение.

Играч на Порто доби страшен нокаут удар од голман

26 годишниот Нану доби лекарски третман на терен кој траеше околу 15 минути. На никој не му беше до фудбал после судирот, а Пепе се расплака од мака за својот соиграч.

Топло - ладно игра на Вардар и пораз од Порто

Македонскиот ракометен првак со пораз ја стартуваше Лигата на шампионите во 2021-ва, вкупно трет сезонава. Бадијала беа 15-те интервенции на Борко и 9-те гола на Дибиров. Вардар сам си пресуди.

Дилајлата Пепе уште се тегне во Португалија и тоа со свој соиграч

Порто ја продолжи потерата по лидерот Спортинг кој нема пораз на 14 меча (11 победи и 3 нерешени). „Змејовите“ од Драгао со 0-1 го победија Фаренсе и сега имаат 35 бода, 1 помалку од вечниот ривал.

Сите 14 одбрани на пантерот Митревски против Спортинг

Не стивнуваат реакциите од партијата која Никола Митревски ја пружи на португалското Ел Класико меѓу Порто и Спортинг. Го добија со 6 разлика благодарение на врвната форма на 35 годишниот битолчанец кој одновно блесна со 14 интервенции.

Митревски брани како да е Суден ден

Голманот на македонската репрезентација Никола Митревски брани во животна форма сезонава и сигурно е меѓу Топ5 голмани во Европа. На последните дуели во Лига на шампиони и португалското првенство правеше чуда. Никола на дербито Порто - Спортинг „спушти ролетна“ и на крајот победи 33-27.

Нова добра партија на Вардар, за жал победата избега во последна секунда

Актуелниот европски шампион Вардар со тотално несреќно примен гол буквално во последната секунда ремизираше 25-25 (13-12) со Порто и за малку не запиша нова важна победа во Лига на шампиони.

Беше расен стрелец во Порто, дојде во Атлетико Мадрид, а сега хип-хоп артист

Скоро и да немаше коло во Лига на шампиони или во португалската Примеира, а неверојатниот Џексон Мартинез да не беше на листата на стрелци за Порто. Расен шпиц во рангот на Фалкао и Халк кој за жал повредите го спречија да го покаже целиот свој раскошен талент.

Уште се зборува за голот на Порто

Ако треба да се избере гол на сезоната, ама во пост корона периодот по долгата пауза без фудбал, тоа дефинитивно треба да биде оваа убавина на Порто. После таа закржлавеност дома, момците на Серџо Консеисао кои ја освоија титулата, во претпоследното коло одржаа лекција по тимски фудбал.

Спектакл акција на Порто

Фудбалерите на Порто предводени од Серџио Консеисао ја одбранија титулата во Португалија, а против Мореирензе го постигнаа голот на сезоната. Се изгубија гостите во поставувањето на одбраната.

Кај најде и ти пред базен да известуваш со ултраси?

Појма немаме што зборува, бидејќи се работи за португалски новинар, само знаеме дека тие позади него се навивачи на Порто, кои сакаа да му учинат на човекот да не му е топло.

Социјална дистанца? Нема проблем, ќе навиваме од кровот

И покрај тоа што успеа во еден момент пред глобалната пандемија бодовно да го стигне Порто, Бенфика зареди четири ремија по ред и му овозможи на најголемиот ривал да се одлепи на 2 бода на прво место. А Порто синоќа славеше 1-0 во меч без публика каде навивачите се качија дури на кровот и од таму палеа бакљи и навиваа.

Голот за кој Кристијано Роналдо тврдеше дека му е најубав во кариерата

Во реванш четвртфинале од Лига на шампиони, Јунајтед со Фергусон на клупата му гостува на Порто на „Драгао“. Проаѓаат 6 минути и Кристијано распалува бомба од преку 35 метри за 0-1. Мечот така и заврши и Манчестер со вкупен резултат 2:3 од двата меча отиде во полуфинале.

Леверкузен и Рома одат понатаму, Ристовски и Спортинг испаднаа

Спортинг Лисабон за кого игра македонскиот репрезентативен бек, од првиот меч против турски Башакшехир имаше предност 3:1. Во реваншот до 91' минута губеа 2-1 па примија гол од пенал и во продолженија уште еден па испаднаа.

Корона од Порто како брз воз

Порто беше декласиран од Баер Леверкузен дома со 1:3 и Германците одат во следна фаза. Најдобар поединец кај Порто беше Жезус Мануел Корона кој во неколку наврати ги измести противничките играчи.