Откако се замери со Израел и неговите сојузници заради песната „Она што морам да го кажам", нобеловецот оди чекор понатаму - сега се става на страна на Грција, нарекувајќи ја европската политика кон неа „срамна".
Од утре, 24. до 27. мај во Солун се одржува саем на книгата. Почесна земја-гостин е Србија, а со посебни манифестации ќе биде одбележана стогодишнината од раѓањето на еден од најголемите грчки поети, Никифорос Вретакос.
Сабајлево сфатив дека постои снимка од настап во живо на ЕКВ од 1994 на Канал 103, и тоа некако ми го обои денот. Особено оваа - прилог кон постоечките преводи на нивните песни.
Излезе нова збирка песни на неодамна починатата полска поетеса и добитничка на Нобеловата награда за книжевност, која ги содржи 13-те последни песни кои таа ги подготвувала за издавање.
Чарли Чаплин, роден на денешен ден пред 123 години, кога полнел 70 си напишал роденденска песна. Таа зборува за созревањето, едноставноста и љубовта кон себеси. Само едно нè загрижува: ќе мора да чекаме до 70 за да се засакаме?
Добитникот на Нобеловата за литература, германскиот писател Гинтер Грас, не престанува да бранува во политичките води. Откако по шест децении го обелодени своето учество во единиците на СС трупите, што беше повод за иницијативи големата награда да му се одземе, сега низ стихови го критикува Израел, но и актуелната германска политика кон оваа земја.
Постои пролет, со сите нејзини физички манифестации - мирисни зумбули, бистар видик, славеи. Но има и една поинаква пролет, поттикната од оваа првата: внатрешно разденување, оптимистичен полет, убавини.
На 14. март беа одбележани 80 години од раѓањето на поетот, режисер, сликар и новинар Мирослав Мика Антиќ, уште познат и по антологиската боемска - „Чика Јова деци, чика Мика Антиќ два деци". Во Културниот центар на Нови сад во тек се „Деновите на Антиќ". Ние се придружуваме на одбележувањето на годишнината со една пролетно љубовна, и топла.