10 години од смртта на Изет Сарајлиќ

„Барам улица за моето име“

БАРАМ УЛИЦА ЗА МОЕТО ИМЕ

Шетам по градот на нашата младост
и барам улица за моето име.

Големите, бучни улици -
нив им ги препуштам на историските великани.
Додека траеше историјата, јас што правев?
Просто те сакав тебе.

Мала улица барам, обична, секојдневна,
по која, незабележани од светот,
ќе можеме да се прошетаме и по смртта.

На почетокот таа не мора да има
многу зеленило, дури ни свои птици.
Важно е во неа, бегајќи пред хајка,
секогаш да можат да се скријат
и човек, и куче.

Би било убаво да е поплочена,
но на крајот, не е ни тоа важно.

Најважно е тоа
во улицата со моето име
никому да не му се случи лошо.

Изет Сарајлиќ, 1968

3 мај 2012 - 08:44