Ѓоковиќ го збриша Холанѓанецот Талон Грикспор со 3:0, во меч кој траеше 1 час и 39 минути и во трето коло се среќава со Нишикори. Но во текот на мечот се нервираше со поединци од трибина кои редовно го деконцентрираа.
Срѓан Ѓоковиќ, таткото на најдобриот светски тенисер, ретко дава интервјуа, но секогаш има да каже нешто интригантно, особено за кариерата на Новак. На далеку е познат тешкиот почеток на семејството Ѓоковиќ и за тоа од што се морале да се одрекнат и жртвуваат за Ноле да тргне по правиот професионален пат и да стане она што е денес.
Светскиот рекет број 1 има 20 Гренд слем титули, ама и многу чувство за забава која сигурно му помага да се релаксира и да излезе од строгиот режим на живот кој го бара неговото врвно ниво на кое се натпреварува.
Како и да ја вртиме, сите тројца се шампиони и творци на едно од најголемите спортски ривалства. Никогаш повеќе нема да биде ист тенисот кога ќе се пензионираат, а се ближи тоа време.
По големиот триумф на Вимблдон 2021, Новак Ѓоковиќ изјави дека ќе му требаат неколку дена да се одмори, да се освежи па ќе се изјасни околу тоа дали ќе игра на Олимписки Игри во Токио.
Во моментот кога изгледа дека е нападнат и се обидува очајнички да се одбрани, тогаш е најјак. Матео беше блиску до брејк во четвртиот сет со кој ќе поведеше со 4:2 и ќе сервираше за голема предност која ќе го доближеше до 2:2 во сетови. Но Ѓоковиќ токму во тој момент го направи потегот на мечот.
По Австралија Опен и Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ го освои и третиот сезонски Гренд слем турнир откако во финалето на Вимблдон беше подобар од Матео Баретини. 20-та Гренд слем титула за Србинот за израмнување со двајцата најголеми ривали.
Новак Ѓоковиќ за 2 часа го суредиБританецот Џек Драјпер во првото коло на Вимблдон иуспеа даму земегејмза 46 секунди со 4 асови. Читател со одлична меморија за тенис ни пиша дека истото му успеало и на Федерер пред 7 години во полуфиналето на турнирот во Шангај.
Многу едноставно. Тенисерот треба да се вика Новак Ѓоковиќ кој со четири ас удари го уништи Британецот Џек Драјпер. На крај заврши 3:1 по 125 минути игра.
Човекот беше во огромно исчекување и под страшен стрес уште додека траеше последниот поен на Новак во финалето на Роланд Гарос, а потоа се ослободи и ги повреди гласните жици.
Стандардно, како и претходните големи успеси, така и овој на Роланд Гарос беше одбележан пред ресторанот на Ѓоковиќ во друштво на неговите родители и еден куп негови фанови. Журката беше зачинета со жива музика и спектакуларен огномет кој го лансираше човекот кој го нокаутираше Циципас по негатива од 0:2 и стигна до Гренд слем број 19 во кариерата.
Не постојат зборови со кои може да се објасни доминацијава, бидејќи ова нивното е лудо и неповторливо. Па од 30 годишна возраст до сега, Новак има 7 Гренд слем титули, Рафа 6, Роџер 4. Како ли издржуваат уште и тоа на тронот и што после нив? 20 години тениска опсада - 59 Гренд слем титули заедно. Неверојатно.
Лудачкиот пресврт на Ѓоковиќ во финалето на Роланд Гарос, посебно ќе го памети едно дете од трибините кое се однесувало како тренер спрема српскиот ас, кој објасни зошто се одлучил да му го подари токму на него.
По епското полуфинале со Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ во финалето по голема борба и 251 минута жесток тенис со Стефанос Циципас 6:7 (6), 2:6, 6:3, 6:2, 6:4, го освои 19. Гренд Слем трофеј во кариерата.
Не дека прв пат го гледаме во вакво издание, ама откако публиката во Париз ја набркаа поради полициски час, неговото урлање на крај се слушна многу појако. Ѓоковиќ го совлада Беретини со 3:1, а во полуфинале го чека мега пресметка против Надал кој е крал на Ролан Гарос со 13 титули.
Најдобиот светски тенисер по трет пат го посети култното место во Босна и Херцеговина. Претходно таму беше со родителите и сопругата а сега ги понел и децата. Водич му беше познатиот Семир Османагиќ.
Едниот 22 години, другиот 21. Бикот од Мајорка веќе почна да ги тероризира сите противници на земја и ги мелеше до мера да не сакаат да паднат против него на некој турнир. Ама Новак, уште недоволно зрел, покажа потенцијал дека може да му се носи на Шпанецот.
Тенисот од вчера има нов апсолутен рекордер на тронот, а тоа е Новак Ѓоковиќ кој го урна подвигот на Федерер и стана прв тенисер со 311 недели на челната позиција на АТП. Со огномет го пречекаа по тој повод.
Бројот на топчиња 2.177 го симболизира бројот на денови колку што е Новак Ѓоковиќ на тронот на АТП листата. Тој денеска ја почнува рекордната 311-та недела, надминувајќи го Фередер кој беше прв 310 недели.
Најдобриот светски тенисер и број 1 на АТП ранг листата, го совлада четвртиот носител Данил Медведев со 3:0 (7:5, 6:2 и 6:2 во сетови) и по деветти пат во кариерата стана шампион на Австралија Опен.
Светскиот рекет број 1 последните неколку дена на Австралија Опен влече повреди кои го спречуваат да го игра најдобриот тенис. Попладнево после 3 ипол часа макотрпна игра со 3-1 во сетови го совлада Александар Зверев и ќе игра во полуфинале. Во еден момент од третиот сет Ѓоковиќ го пеплоса рекетот.
Светскиот рекет број 1 води со 2-0 во сетови против Американецот Фритц (7:6, 6:4) и е на прагот на пласман во следна рунда. Од непознати причини во еден момент за време на една пауза урлаше како никогаш досега, најверојатно по член од неговиот тим.
Створи големо богатство и не му е проблем, но за ова треба да се има и великодушност. Светскиот тенисер број 1 направи гест број 1 во својата земја и им обезбеди беслатни подготовки во својот тренинг центар на сите тенисери.