Таг: нотингем форест

Пред руските милиони Челси губеше по 7:0

Кога Абрамович немаше абер да се укотви на Стемфорд Бриџ во Европа излегуваа Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Астон Вила и Нотингем Форест. Овие последните кои сега играат во втора лига често беа немилосрдни против Сините од Лондон. Во сезоната 1986/87 на гости ги совладаа 6:2, а во 1978/1979 и далечната 1907/1908 имаат победи од по 6:0. Најголемиот шамар го изедоа пред 26 години.

Бебешки навивачки инстинкт

Уште не оди, не збори и моча во пелени, а веќе знае како да реагира која ќе ја слушне омилената навивачка песна на татко му со кој изгледа дека за брзо време ќе оди на стадион на натпреварите на Нотинген Форест.

Нотингем Форест верува во чуда

По приказната за Проклетиот јунајтед од која произлезе и филм и книга, наскоро се очекува и прикажување на новиот документарец за еден од најголемите фудбалски подвизи во историјата.

Возот е идеален за навивачки испади

Според извештајот на британската транспортна полиција, навивачите на Лидс Јунајтед направиле најмногу проблеми во возовите со кои патувале во последниве две сезони. Ништо подобри не се ни оние на Манчестер Јунајтед, како ни навивачите на Ренџерс.

Најдраматични падови во клупскиот фудбал

Борусија Дортмунд ја одбрани титулата во Бундеслигата и стигна во финалето од ЛШ во 2013. година, но сега се борат за опстанок. Ваквиот пад на „милионерите“ нè натера да видиме кои некогашни гиганти имале слични падови, од кои уште не можат да се опорават.

Најдолгите серии без пораз

Жозе Мурињо со Реал Мадрид постави рекорд од 15 победи во низа на сите натпреварувања, а Карло Анчелоти синоќа го повтори. Имаат уште многу леб да јадат за да влезат меѓу рекордерите.

10 години без Клаф, фудбалскиот Робин Худ

На 20.септември 2004-та почина еден од најголемите тренери во историјата на англискиот фудбал, а неговата животна приказна го инспирираше Дејвид Пис да напише книга за него.

Во стилот на Михајловиќ

Ирскиот фудбалер Енди Рид постигна ретко виден гол од слободен удар за екипата на Нотингем Форест против Чарлтон со шут кој го упати од аут линијата. Овој лоб удар не потсети на голот на Михајловиќ на мечот Челси-Лацио во Лигата на шампионите, но разликата во далечина е евидентна.

Верен навивач пропушти натпревар по 40 години

За прв пат по 1973-та година, односно по 1.786 изгледани натпревари, Стјуарт Естил синоќа пропушти натпревар на неговиот омилен клуб Нотингем Форест и тоа не по негова волја.