Фудбалерите на ПСЖ газат сè пред себе оваа сезона, што е нормално со таков тим. Но во таа страшно силна напаѓачка навала која привлекува голем публицитет, никој не останува рамнодушен на уличното однесување на Нејмар.
Фудбалерите на ПСЖ синоќа го попарија Дижон со 8:0, а Нејмар и покрај тоа што даде 4 гола заработи свирежи од своите навивачи. Во 83-та минута на 7:0 судијата свирна пенал, а Нејмар одма се излакоми да го шутира. Сè ќе беше ок, ако му го отстапеше местото на Кавани на кој му фали само еден гол да го мине Ибрахимовиќ и да стане најдобар стрелец во историјата на клубот.
Господинот 222 милиони евра синоќа во Лига Купот против Амиенс стигна до гол број 20 оваа сезона за ПСЖ на сите натпреварувања. Сите се чудат и се прашуваат што му значи оваа несвојствена прослава на гол, а тој тврди дека само сакал да испочитува другарче на кој му било роденден.
Роналдо, Меси, Нејмар, Мбапе, Погба, Балотели, Лавеци, Дани Алвеш, Рибери и компанија многу добро знаеме како играат фудбал, ама не знаеме баш што прават кога не играат фудбал. Изборот на годината со нивни будалаштини и заебанции е о д л и ч е н.
Него и на официјален натпревар е погубно да му оставиш празен гол, а не па на хуманитарен и лабав каде никој не мисли на одбрана, како што може да се види во акцијава. И голманот фати да го гушка кога го виде триков.
Оваа есен беше полна со разни новости за Нејмар кој летово 2017 за 222 милиони евра премина од Барселона во ПСЖ. Бразилецот стана најскапиот играч во историјата, но во Париз му се случуваат чудни работи.
Бразилска работа. Фора на тренинг им е кој на кого ќе му ја протне низ нозе. Прво ѕверката од Сити Габриел Жезус го изработи Нејмар, а после најскапиот фудбалер на планетата едвај чекаше да му врати.
Во неделниот класик на францускиот фудбал Марсеј - ПСЖ, Нејмар доби два жолти картони за пар минути и прво исклучување во дресот на Парижаните. Со овие картони „О’Неј“ на 25 години и 526 меча во кариерата собрал вкупно 8 црвени и 138 жолти картони. Колку за споредба силеџијата Пепе на 530 меча добил 123 жолти и 9 црвени картони.
ПСЖ едвај извади бод на големото дерби против Марсеј на гости а тензијата беше толку голема што во еден момент додека Нејмар се спремаше да изведува корнер, од трибините полета сè и сешто. Бразилецот во 87’ минута доби втор жолт картон и беше исклучен.
Се играше Мундијалот за играчи до 17 години во 2009-та. Нејмар не успеа да му помогне на Бразил да ја мине групната фаза, ама најави какво дете доаѓа на светската фудбалска сцена. Ваква финта со голман еден на еден да ни пишете кога сте виделе последен пат.
„Боливија дома си гази“ е една од честите маалски фрази кога се гледаат паровите од Јужна Америка. И не случајно е така, затоа што Боливија дома има голема предност над противникот кој не знае кај е лево на толкава висина.
Моќниот состав на ПСЖ го попари Бордо со 6:2. Два гола на Нејмар, по еден на Кавани, Мбапе, Дракслер и Мењер. Прашањето околу победникот беше решено уште по првите 45 минути по кои ПСЖ имаше 5:1. Господинот 222 милиони евра постигна голчиште од 30 метри за сите пари. Вториот му беше од пенал по кој прв го гушна Кавани. Издвојуваме 4 од вкупно 8-те гола.
За време на неделниот меч против Лион, Нејмар, Кавани и Дани Алвеш имаа неколку расправии околу тоа кој да изведе слободен удар и пенал. На крај Нејмар го тргнал Уругваецот од Инстаграм и им дал повод на новинарите да шпекулираат.
ПСЖ го победи Лион со 2-0 а притоа не даде ниту еден гол затоа што гостите си постигнаа два автогола. Еден од највпечатливите моменти на мечот беше обидот на Нејмар да го дрибла десниот бек од Холандија, Кени Тете.
ПСЖ го победи Лион со 2-0 а притоа не даде ниту еден гол затоа што гостите си постигнаа два автогола. Еден од највпечатливите моменти на мечот беше обидот на Нејмар да го дрибла десниот бек од Холандија, Кени Тете.
Иако со завршувањето на летото темата со плати и трансфери малку ја подзаборавивме, Италијанците извадија некои пресметки за да покажат колку се “сиромашни“ во однос на фудбалерите со најголеми плати.
Можеби 222 милиони евра за еден играч или 400 за двајца, за некого е релативна работа дали е многу или не. Ама не, ние сепак стоиме на ставот дека се претера, а во прилог ни оди и едно истражување на релевантна институација која вели дека фудбалерите се преплатени.
Со 11 победи, 4 нерешени и 1 пораз, гол разлика 38:11 и освоени 37 бода, селекцијата на Бразил веќе е учесник на СП 2018. Синоќа одиграа 1:1 на гости против Колумбија, но ништо страшно, вториот зад нив на табела Уругвај заостанува 10 бода. Ќе биде интересно да се види што ќе направат во Русија со еден ваков Нејмар.
Дебитираше против Генгамп со гол и асистенција, па со Тулуз постигна два гола и две асистенции. Она со што се обидува да ги купи француските навивачи и општо цела светска фудбалска јавност, се неговите лудории со топка по кои беше познат уште во Бразил. Обрнете внимание на дриблингот еден на еден, а потоа и голот кога ја понижи цела одбрана. Растур систем.
По завршувањето на сагата околу лудачкиот трансфер на Нејмар од 222 милиони евра, Бразилецот заигра во новиот дрес. Првиот настап е доста задоволителен во неговата нова средина. Го заврши со гол и фантастична асистенција до Кавани. Генгамп - ПСЖ 0:3.
Ако мислите дека Нејмар е човекот за кој Катарците кои спијат на пари требаше да платат лудачки висока клаузула од 222 милиони евра, се лажете. Он може ли вака?
Викендот Нејмар го започна со преселба во нов град и како вработен во нова фирма, подвиг за кој ПСЖ до сега плати рекордни 222 милиони евра. Во баснословната сума не е вклучен ни цент за Нејмар.