Ако сте гледале мултипренос од синоќешните средби во Лига на шампиони, тогаш сте се изнагледале мајстории во Мадрид, Лондон, Париз и Ајндховен. Ако не сте гледале, тогаш ова е таа задолжителна компилација за вас. Уживанции.
Без разлика на квалитетите и светската фудбалска слава, Нејмар од Мундијалот наваму уште е асоцијација за глума после тоа хистеричните витакања на терен. Но го бива и да изнуди аплаузи. За ова му следува едно браво.
Ја имаме листата на плати на сите екипи, играчи и тренери од италијанското фудбалско првенство. Споредено со најплатените петмина во Европа, тие изгледаат смешно. Или па можеби ова во Италија е некоја нормала за разлика од нив. Кој што сака нека каже, ама преплатени се суперѕвездиве.
Наместо да биде пример за младите, а го гледаа милиони деца на Мундијалот и да се наметне како лидер во една господска и ценета репрезентација како Бразил, тој се доведе во ситуација и кучиња да го имитираат.
Четврфиналната програма започнува со дуелот Франција - Уругвај. Победникот од овој меч во полуфинале оди на подобриот од Бразил - Белгија. Отсутни повредениот Кавани и „пожолтените“ Каземиро и Матуиди.
Место да го зборат како голем фудбалер, ѕвезда и лидер на тимот, за Нејмар на овој Мундијал главните епитети се глумец и плачко, а тоа сам си го заслужи. Па само против Мексико се излежавал преку 5 минути.
Ѕвездата на Бразил и ПСЖ на ова Светско остави до толку лош впечаток со тоа паѓањето при секој допир, што не му преостанува ништо друго освен да престане веќе еднаш, да признае и сам себе да се ремети.
Нејмар е Паљачо, срам за фудбалот и лош пример за светот и за младите кои го гледаат. Ова е спорт за правите мажи, а не за кловнови, изјави селекторот на Мексико. На истата тема со свој уникатен начин на критика се приклучува и легендарниот Ерик Кантона.
Во 69’ минута од осминафиналето Бразил - Мексико, Мигел Лајун не можеше да ги издржи театралните падови на Нејмар па во еден момент не се исконтролира и го стапна на ногата после што Бразилецот се вртеше како да го пукаат.
По невообичаено високи температури во руска Самара, Бразил на крилјата на Нејмар и Роберто Фирмино го совлада Мексико и ќе го чека победникот од мечот Јапонија - Белгија.
Ако некој не ги следел настапите на Нејмар во групната фаза, нема потреба да се поти да бара репризи или клипови по нетов. Тука е сè спакувано во едно.
Тоа дека Нејмар не може да биде најдобар играч во светот поради тоа што постојат Меси и Роналдо не е точно, бидејќи тој со ваков однос кон фудбалот нема да биде број 1 и кога овие двајцава ќе се пензионираат. Затоа се овие монтажи.
Бразил и Швајцарија се новите осминафиналисти на Мундијалот во Русија. Бразил не одигра ништо посебно против Србија, но не дозволи изненадување, а Коста Рика со смешен пенал во 93-та стигна до реми против Швајцарија. Нејмар глумеше како никој.
Во второто коло од групата Е на Светското првенство, Костарика оддолеваше до 91’ минута кога Кутињо го скрши отпорот, го совлада Кејлор Навас за на крај Нејмар да го запечати триумфот.
Бразилците важат за едни од најносталгичните луѓе по својата земја. Во една емисија на бразилска телевизија каде ги враќаат познатите личности во нивното детство, најдобриот фудбалер на „Селесао“ не можеше да се воздржи да не заплаче.
Ти го мислиш уште недоопоравен од повредата и вон ритам, а тој си игра мајтап и крши кички на пријателски пред Светско. Бразил ја збриша Австрија 3:0. Коментаторот е смешки кога треба да ја искоментира оваа игра еден на еден на Нејмар.