Таг: милан

Супер деби гол на Пулишиќ за Милан

Фудбалерите на Милан имаа сигурен старт во Серија А со 3 бода освоени против незгодната Болоња на гости. Мечот го решија Жиру и Пулишиќ. Убав гол на засилувањето од Челси кое на Сан Сиро пристигна за 22 милиони евра.

Кој е Симиќ од Милан, кој на 18 години се носеше машки со ѕвездите на Реал?

Подготвителните летни натпревари освен за билдање форма, знаат многу добро да служат и за проверка на нови играчи. Милан во авион за САД качи пет деца од својот младински погон. Еден од нив набрзина стана впечатлив и на мета на многу клубови.

Бомбастичен деби гол на Лука Ромеро за Милан, асистенција и пол на Модриќ

Реал и Милан приредија шоу во Калифорнија на пријателски дуел. Кралевите имаа негатива на полувреме од 0:2, ама се вратија во вториот дел и со головите на Валверде 57` и 59` и Винисиус 84` дојдоа до победа. За одбележување е левицата на новиот играч на Милан, Лука Ромеро кој го купија од Лацио, како и страшната асистенција на ненамидливиот Модриќ, клучна за триумф.

Пукна тиквата во Милан, Малдини и Масара го напуштаат клубот

Шокантни вести за навивачите на Милан, само еден ден откако плачеа за заминувањето на Ибра. Цел италијански печат пишува дека газдата на Милан, Гери Кардинале ги отпуштил двајцата директори кои го изградија шампионскиот тим.

Што направија Италијаните кога последен пат играа три европски финалиња во една сезона?

Скорот им е 2 од 3, што е извонреден успех со оглед на тоа што во иста година освоија Лига на шампиони и Куп на УЕФА. Третото по ранг клупско европско натпреварување го загубија. Пази, од Арсенал.

За полуфиналето во ЛШ 2003: Никогаш не сум судел толку напнат меч, сè уште им ги слушам гласовите на Матераци и Гатузо

„Тоа беше најкомплицираниот натпревар во мојата кариера. За да имам поголема концентрација, последните неколку минути пред стартот ги поминав сам во соблекувална и на глас ги читав имињата и бројките на играчите. Не смеев ништо да погрешам“, се сеќава главниот судија Жил Вејсиер.

Еврогол на Специја против Милан, ултрасите ги построија Пиоли и играчите

Милан направи голем кикс во битката за четвртата позиција и загуби 2:0 од 18-то пласираната Специја која се бори за опстанок. Фудбалерите на разговор кај навивачите.

Моќна партија на Интер кој се доближи до финалето во Истанбул

Фудбалерите на Интер со фуриозен старт го добија првото градско дерби 0:2 и тоа со рани голови на Џеко и Михтаријан во 7 и 11 минута. Милан беше ослабен без повредениот Леао и немоќен во речиси цел натпревар. Упати само еден удар во рамки на гол.

Панчев и Савичевиќ се едногласни за миланското дерби во ЛШ

Едниот освои Лига на шампиони со Милан, другиот настапуваше за Интер, но и двајцата му даваат предност на истиот тим, исто како и на главниот фаворит за трофејот.

Окереке vs двајца кутри дефанзивци на Милан

Милан излезе синоќа со втор состав против Кремонезе и извади 1:1 дури во 93-та минута. Младите дефанзивци Калулу и Тиау се ушептрљаа и се посрамотија во дуел со Нигериецот Давид Окереке кој го отвори резултатот.

Елмас се простува од ЛШ, Милан повторно тактички го уништи Наполи

Милан и Реал Мадрид ги елиминираа Наполи и Челси и станаа први полуфиналисти во Лига на шампиони. Жиру и Кварацхелија не реализираа пенали. Половина час за Елмас. На повидок е миланско полуфинале, за прв пат во историјата.

Страшен слалом на Леао, Жиру го отвори Наполи

Фудбалерите на Милан не само што го издржаа жестокиот притисок на Наполитанците во првите 45 минути, туку успеаа да обезбедат и водство. Жиру промаши пенал и зицер, но погоди од трета мајка, благодарение на неверојатниот трк на Рафаел Леао кој реши тројца чувари и му ја даде на тацна.

Феноменалниот перформанс на Мењан против Наполи

Речиси новиот шампион на Италија, имаше потешкотии во напад без Виктор Осимен против актуелниот шампион на Италија. Плус на голот на Милан стоеше Мајк Мењан кој одигра извонредна партија и спаси неколку чисти голови.

Драмата од 20 секунди пред двата гола коja го одбележа мечот во Лондон

По пауза од 11 години, Милан се враќа во четвртфиналето од Лига на шампиони, откако дома го победи Тотенхем 1:0, а на гости одигра без голови. Кејн и Ориги им качија притисок на навивачите во судиско. Прво Мајк Мењан му скроти чист удар на напаѓачот на Тотенхем, а потоа од контра Ориги ја погоди стативата.

Наш човек во Милано

Покрај Milan fans Macedonia, за осминафиналето од Лига на шампиони Милан - Тотенхем, на Сан Сиро бил и Јове (на Твитер JBurgundi). Направил симпатична репортажа од мечот, градот и сè што попат му паднало во око. Добро е да ја погледнете. 

Рекорден ќар од карти за Милан и Италија

По пауза од 9 години, Милан се радува на кам бек со победа во нокаут фаза во ЛШ, со која остварија на чизмата до сега невидени бројки во пари.

Кои трансфери се сомнителни во Јувентус, но и во Интер, Милан, Наполи, Лил?

Од 62 трансфери кои предизвикуваат сомнеж кај италијанската федерација и органите на прогонот, дури 42 ги извршил Јувентус. Кјелини за време на короната наводно договорил пари под маса за цел тим, а Де Лихт и Де Шиљо испраќале скриншотови од разговори во полиција и обвинителство.

Милан доби пенал после неверојатно аматерска грешка

На првенствен меч меѓу младинците на Милан и Верона, кои се борат еден ден да стигнат до Серија А, се случи кикс кој не проаѓа ниту на маалски турнир. Еден од гостите во обид да ја изведе, ја намести топката со рака откако веќе тоа го направи голманот.

А после се сакате по дома?

Милан имаше водство против Рома од 2:0, ама во 87-ма и 93-та Рома стигна до конечни 2:2. На некој му текнало да сними и една ваква сцена за време на израмнувањето.

Леао ги помина Рики и компанија како на тренинг, Динамо со дебакл се простува од ЛШ

Сензацијата на Динамо Загреб против Челси, очигледно само ги залажа Хрватите дека можат до осминафинале во ЛШ. Италијанскиот шампион ги суреди со 0:4 и за пласман во нокаут фаза, доволно им е реми против Салцбург во последно коло. Со дебакл и елиминација се соочи и Јуве, а пораз смееше да си дозволи европскиот првак Реал. Седумка на ПСЖ.

Уште се тресе пречката на Калулу на Сан Сиро

Милан викендов го забележа првиот пораз сезонава во Серија А од Наполи со 1:2. На 5 минути до крајот пропуштија шанса која сите ја видоа во гол. Шутираше дефанзивецот Пјер Калулу.

Хулигани на Милан демолираа сендвичара, вработената вришти без престан

Не само што ја кршат насилнички, туку потоа и се пентарат на излог и ги напаѓаат вработените. Нездрава работа. Инаку ова се случува ноќта кога играа Милан и Динамо во ЛШ. Од страна ни полиција ни бутур, само луѓе за сеир.

100-ти европски настап за Адеми, мајсторска асистенција на Петковиќ, победа на Милан

Гостувањето на Сан Сиро беше преголем залак за Динамо Загреб да направи уште една сензација во ЛШ после триумфот дома против Челси. Милан беше подобар со 3:1. Атрактивно додавање на Петковиќ до Оршиќ кој погоди за 2:1. Јубилеј за Аријан Адеми кој е рекордер во историјата на Динамо со 100 настапи во Европа.